Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Европските реформи нов фактор во зголемување на цената на струјата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 43 минути -

Македонија
media-library0clb9m4nod8n4XPeC9A
фото: unsplash

Една од клучните обврски што Македонија ги презеде во рамки на европската Реформска агенда е постепеното намалување на државната интервенција во формирањето на цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи.

— реклама —

Од 1 јануари 2027 година, ЕСМ ќе обезбедува најмногу 70 отсто од потребите на Универзалниот снабдувач ЕВН Хоме по повластена цена, додека преостанатите најмалку 30 отсто ќе треба да се набавуваат на отворениот пазар, каде може да учествува повторно ЕСМ ама со други цени.

Со тоа се менува досегашниот модел, според кој државните електрани обезбедуваат речиси 100 отсто од потребните количества електрична енергија за Универзалниот снабдувач по цена пониска од пазарната.

— реклама —

Токму обврската за набавка на електрична енергија на слободниот пазар може да биде еден од клучните фактори што ќе влијаат врз крајната цена на струјата за граѓаните. Берзанските цени се повисоки од оние по кои ЕСМ ја продава електричната енергија, ќе се зголемат и набавните трошоци на универзалниот снабдувач.

— реклама —

Оваа реформа е во согласност со членот 5 од европската Директива 2019/944, а правната рамка за нејзино спроведување е поставена со новиот Закон за енергетика, донесен во мај 2025 година.

Иако европската Реформска агенда не предвидува директно поскапување на струјата за домаќинствата, промената на моделот на снабдување значи дека движењата на пазарните цени ќе имаат значително поголемо влијание врз крајната цена што ќе ја плаќаат граѓаните.

— реклама —

ПР

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

EVNzgrada

ЕВН вработува во Скопје, огласот е отворен до 23 ноември

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryuqstdkjb6frq1hjvc90

Откриена кражба на струја во казино во Кичево, штетата над 2,7 милиони денари

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryjpl8oqjmna7q3tXMo65

Дел од Скопје утре без вода и струја: Проверете дали вашата улица е на списокот

Скопје | пред 2 седмици

EVNzgrada

Над 94% од броилата редовно се читаат, се подготвува воведување на паметни броила

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања