Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Откриена кражба на струја во казино во Кичево, штетата над 2,7 милиони денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryuqstdkjb6frq1hjvc90
Фото: Електродистрибуција

Специјализиран тим на „Електродистрибуција“ открил неовластено користење електрична енергија во казино на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, при што била утврдена манипулација со две електрични броила.

— реклама —

Од компанијата информираат дека случајот бил откриен по детални анализи на потрошувачката и следење на користењето на електричната енергија. При теренската контрола било забележано невообичаено работење на мерните уреди и абнормално зуење во мерниот ормар.

— реклама —

Со мерењата била регистрирана фреквенција од 225 до 340 херци, наместо стандардните 50 херци. Според „Електродистрибуција“, бил користен уред за манипулација со фреквенции, набавен на црниот пазар, со кој било овозможено делумно или целосно да не се регистрира реално потрошената електрична енергија на двете мерни места.

— реклама —

За случајот е составен записник за неовластено користење, а до Министерството за внатрешни работи е поднесена пријава за неовластено преземање електрична енергија, согласно член 235-а од Кривичниот законик.

— реклама —

За двете мерни места се изготвени посебни фактури за надомест на штетата, во вкупен износ од 2.722.798 денари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjpl8oqjmna7q3tXMo65

Дел од Скопје утре без вода и струја: Проверете дали вашата улица е на списокот

Скопје | пред 2 дена

— реклама —
EVNzgrada

Над 94% од броилата редовно се читаат, се подготвува воведување на паметни броила

Македонија | пред 1 седмица

struja-1

Утре прекини на струјата во Гази Баба и Марино, проверете дали сте на списокот

Скопје | пред 3 седмици

struja

Денес прекини на струја на повеќе локации во Скопје – проверете дали сте на списокот

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања