Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Езерото Козјак е еднакво на еколошка катастрофа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kozjak

Најмладото и најголемо вештачко езеро во земјава Козјак, ни оддалеку не е онаа акумулација што ја паметиме од пред 17 години, кога се создаде во регионот на Порече. Има драстично намалување на водата и денес на сѐ пониското езерско ниво се гледаат огромните количества ѓубре, а видливо е како притоките сѐ повеќе и повеќе носат мил измешан со кал и песок, кој се таложи на езерското дно, објави Нова Македонија. 

— реклама —

Жителите од блиското опкружување и од целото Порече се крајно разочарани од состојбата во која се наоѓа оваа акумулација.

– За жал, езерото Козјак денес ни малку не личи на акумулацијата што беше создадена во Порече во 2004 година, кога имавме бисерно езеро со чиста и проѕирна вода, за денес од него да остане само еден дел, бидејќи дотекот на вода е недоволен да го врати во претходната состојба, а поради испуштањето, неговото ниво од месец на месец е сѐ пониско. Во голем дел наместо езеро го гледаме единствено коритото на реката Треска, најголемата притока на Козјак – вели Драган Гечески, кој е разочаран од односот на риболовците и инертноста на локалната самоуправа на Македонски Брод, која никако да се охрабри да подаде рака за да помогне во неговата нормализација.

— реклама —

Тој додава дека не е само проблемот со недостиг од вода во езерото туку има и други проблеми создадени од неодговорните риболовци.

Младиот Далибор Мисајлески е жител на Брод, кој е исто така разочаран од состојбата на езерото и вели дека нивото на езерото Козјак е спуштено за една третина од максималната кота, а најголемото празнење се врши со испуштањето на водата за производство на електрична енергија.

Текстот во целост на: Нова Македонија. 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања