ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

F2N2: До 30 проценти поевтино набавени гумите за мерцедесот на Груевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
mercedes-vladin-224488

Педесет и три илјади евра и до 30 проценти пониска вредност за автомобилски гуми ќе плати Владата преку Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) за набавка на 16 пневматици (осум зимски и осум летни), за три блиндирани возила сопственост на Владата преку СОЗР, кој има можност да се искористат и платат не во рок од една година, како што било пракса досега, туку се до моментот на потребата за замена на истите.

— реклама —

Тоа се наведува во текстот „До 30 проценти поевтино набавени гумите за блиндираниот мерцедес“ што го објавува сајтот „Борба против лажни вести и наративи“(F2N2).

Потребата за акцентирање на вредноста и дополнително објаснување за значењето на пневматиците што се набавуваат за трите блиндирани возила на Владата со кои управува СОЗР,  истакнува во анализата F2Н2, е како резултат на објавување неточни  информации и пласирање вести кои доведуваат до креирање невистинита, лажна слика за трошоците околу набавка на гуми за кои согласно договор постигнат со јавна набавка преку електронскиот систем за јавни набавки, се трошат пари од Буџетот на државата.

— реклама —

Во анализата стои дека годинава првпат цените се драстично пониски од оние за кои се набавувани пневматици за блиндираните возила на Владата од 2014 година наваму. Ако се направи споредба на карактеристиките на гумите договорени со јавната набавка за оваа и следната година, посочуваат, договорот нуди три клучни предности.

Цената е драстично пониска за 28 проценти за летните и за 30 проценти за зимските гуми, наведува F2N2, повикувајќи се на договорите за набавка на пневматици за блиндирани возила од 2014, 2015, 2017, 2018-2019 и за 2019-2020 година.  Првпат, стои во анализата, се набавуваат гуми со специјална заштита, односно кит гел за PAX систем, односно гуми со специјална рабна заштита и можност  да бидат во употреба и во услови кога пневматиците се оштетени односно гумата е пробиена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања