Промени тема
Контакт

„Фајненшл тајмс“: Виткоф и Кушнер не успеаја да го убедат Путин, Ратклиф влегува во преговорите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција, Џон Ратклиф, би можел да преземе значително поголема улога во американските преговори со Русија и Украина, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на американски претставници запознаени со плановите.

Според информациите, се разгледува можноста за намалување на улогата на специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер, кои досега ги предводеа разговорите со Москва и Киев. Целта на евентуалната промена е да се придвижат од мртва точка дипломатските напори за завршување на војната.

Од луѓе блиски до Ратклиф било пренесено до европски претставници дека директорот на американската Централна разузнавачка агенција би презел водечка улога во посредувањето меѓу Русија и Украина, додека би ги задржал и директните контакти со разузнавачките служби на двете земји.

Од агенцијата одбиле да ги коментираат информациите, а изворите наведуваат дека американскиот претседател Доналд Трамп сè уште нема донесено конечна одлука.

— реклама —

Белата куќа, пак, остро ги демантираше наводите. Оттаму порачаа дека „целата приказна е целосна лага“ и дека Виткоф и Кушнер продолжуваат да работат на мировен договор, со целосна доверба од Трамп.

Зад кулисите, според извори на „Фајненшл тајмс“, постои несогласување околу тоа кој треба да има главен збор во преговорите. Виткоф, кој е близок со Трамп, би можел да остане специјален пратеник за мировните мисии и паралелно да биде вклучен и во разговорите за Украина.

— реклама —

Ратклиф кон крајот на август ненајавено отпатувал во Москва, каде што разговарал со високи руски разузнавачки претставници за војната во Украина и конфликтот во Иран, како и за руските хибридни закани кон Европа.

Според „Фајненшл тајмс“, рускиот претседател Владимир Путин првично планирал средба со Ратклиф, но таа не се одржала. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјавил дека таква средба воопшто не била планирана.

— реклама —

Во меѓувреме, Кушнер на свои блиски наводно им кажал дека планира да се повлече од преговорите за Украина и поголем дел од своето внимание да го насочи кон дипломатијата поврзана со војната во Газа и конфликтот меѓу САД, Израел и Иран.

Украински претставници велат дека Киев има коректни односи и со Ратклиф и со Виткоф и Кушнер. „Нам ни одговара Ратклиф, а добри ни се и Џаред и Стив. Проблемот не се тие, проблемот се Русите“, изјавил еден од украинските функционери.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

putin-094091

Украински генерал тврди: Путин се потпира на пророштва и совети од „старци“

Свет | пред 1 ден

— реклама —
putin-2

Истражувачите открија тајни околу семејството на Путин: наводно има внука од 8 години и татко ѝ се презива Зеленски

Свет | пред 4 дена

media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp

Путин до Европа: „Оставете нè да живееме во мир – во спротивно ќе реагираме“

Свет | пред 1 седмица

media-libraryb521vis21qi88JhzpeQ

Путин негира нова мобилизација, но Русија ги засилува подготовките

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања