Промени тема
Контакт

Фалсификувале документи и земале брзи кредити на туѓо име: обвинети шест лица, 33 ќе добијат казнен налог

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarysd2urj8q5tls9k9PJ7e

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против шест лица осомничени за организирана измамничка шема со брзи кредити, во која, според обвинението, биле злоупотребувани лични податоци, користени фалсификувани исправи и внесувани невистинити податоци во информатички системи.

Покрај обвинението, против уште 33 лица е поднесен предлог за издавање казнен налог за кривичното дело „компјутерска измама“.

— реклама —

Според Обвинителството, обвинетите извршиле повеќе временски поврзани дејствија, користејќи исти околности и начин на дејствување, при што во информатичките системи на повеќе финансиски друштва внесувале невистинити податоци за добивање брзи кредити.

Во шемата, според ОЈО, учествувало и службено лице вработено во Фондот за здравствено осигурување, кое им овозможило пристап до ЕЗБО број преку електронскиот систем на институцијата. Со тие податоци, обвинетите користеле фалсификувани исправи и злоупотребувале лични податоци на други лица за да подигнат брзи кредити на нивно име.

— реклама —

Обвинителството наведува дека четворица од обвинетите, во периодот од февруари 2023 до јуни 2024 година, стекнале противправна имотна корист од 2.509.808 денари, додека останатите во текот на 2022 и 2023 година прибавиле дополнителни 659.500 денари.

— реклама —

За четири лица кои биле опфатени со истрагата, јавниот обвинител донел решение за запирање на постапката. За двајца не биле обезбедени докази за нивна вмешаност, додека другите двајца починале во текот на постапката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Од утрово голема акција против криминална група, во тек се претреси и апсења

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-library504h3sor75i1c1zwuYt

Серија кражби во Боговиње: од куќи краделе пари, злато и оружје, а однеле и сеф тежок 400 килограми

Македонија | пред 17 часа

media-librarycfad3jn6qmij1qbmmv0

ОЈО поднесе обвинени за лицето кое со бензин ги полеа и ги запали возилата пред Амабасадата на Република Бугарија во Скопје

Македонија | пред 5 дена

media-libraryl74dgijaaervcT2c071

Милионски аванс за железнички пруги исчезнал преку фиктивна фактура за набавка на пилешки нозе: кривична пријава против пет физички лица и две правни лица

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања