„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026

Фановите бесни по концертот на Весна Змијанац, ја нападнаа јавно, а таа ги исмеа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
Vesna-Zmijanac

Весна Змијанац го откажа својот солистички концерт во март 2020 година поради пандемијата на коронавирусот, а со вчерашниот концерт во Белград требаше да и оддаде почит на својата публика, која купи билети.

— реклама —

Сепак, како што велат некои незадоволни обожаватели, никој не ги известил дека ќе се одржи долгоочекуваниот концерт, ниту пак ја виделе рекламата за концертот, па својот гнев го искажаа преку социјалните мрежи.

— реклама —

Девојката на која тоа и се случи, на мрежите отворено постави прашање „дали ова значи дека го пропуштила концертот за кој го купила билетот“, на што пејачката одговори со потсмев.

— реклама —

- Дали ние што купивме карти за концертот во 2020 година, кој требаше да се одржи во март истата година, а беше одложен поради короната, го пропуштивме истиот - праша девојката, затоа што никогаш не ја видела рекламата за истиот.

- Да срце - напиша Весна, на која изгледа воопшто не и е грижа што имало пропуст, на што девојката бурно реагирала.

- Срам да ти е, ако воопшто можеш да се срамиш. Ние ви ги поклонивме нашите пари. Како мислите дека не треба да се рекламирате. Да гледаме на гравчиња и да знаеме кога ќе се одржи концертот. Чиста кражба, си ги барам парите назад – напиша таа, а потоа во коментарите се вклучија и други обожаватели на Весна.

- Не е во ред. Многумина купија билети за концертот, а вие не им обрнавте ни внимание. Благодарение на публиката, вие постоите, а како ѝ го вративте тоа – стои во еден од коментарите на Инстаграм

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања