Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Фатен на дело: Крадел од црква во Струмица, со себе имал и малолетно дете

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-44-3780PM

Полициски службеници од СВР Струмица синоќа лишиле од слобода 26-годишен струмичанец, кој бил затекнат при извршување тешка кражба во црква.

— реклама —

Како што информира МВР, на 17 март 2026 година околу 23:40 часот, С.Х. бил фатен на лице место во католичката црква „Успение на Пресвета Богородица“, откако претходно со употреба на сила влегол во објектот и одзел пари.

— реклама —

По пријавата за настанот, полицијата веднаш излегла на терен, при што го затекнала сторителот и го лишила од слобода.

— реклама —

Особено загрижувачки е што со него бил и неговиот малолетен син. За случајот бил известен Центарот за социјални работи – Струмица, по што детето било предадено на неговата баба.

— реклама —

Осомничениот е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryd1ssa6hjo5on2HjNlsc

Шестмина уапсени во ноќна акција во Скопје, полицијата контролираше и угостителски објекти

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-libraryu3t6m8j4fjacfNjc8XP

Насилство и грабеж во маркет во струмичкo, приведени две лица

Македонија | пред 22 часа

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-53-3340PM

Изгубил контрола над тротинетот и паднал на асфалт, тешко повредено дете итно пренесено на скопските клиники

Македонија | пред 1 ден

media-library7i63hrf4igt02XUeV7C

Раководител во јавно претпријатие пријавен дека ѝ се заканувал на вработена

Скопје | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања