Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Шестмина уапсени во ноќна акција во Скопје, полицијата контролираше и угостителски објекти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 12 минути -

Македонија
media-libraryd1ssa6hjo5on2HjNlsc
Фото: ФБ / МВР

Во периодот од 21 до 22 ноември, од 20:00 до 06:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје спровеле засилена акциска контрола на централното градско подрачје, со цел одржување на поволна безбедносна состојба.

— реклама —

За време на акцијата биле извршени проверки на идентитетот на 34 лица, прегледи на 25 лица и контрола на четири возила. Притоа биле констатирани 14 прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Полицијата извршила контроли и во осум угостителски објекти и клубови за автоматски игри на среќа. Приведени биле две лица странски државјани, како и едно лице по член 15 од Законот за лична карта.

— реклама —

Дополнително, две лица биле лишени од слобода поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, додека едно лице било лишено од слобода по член 297-а од Кривичниот законик.

— реклама —

Во рамките на акцијата полицијата спровела и превентивни активности на повеќе локации во Скопје, каде што редовно се собираат малолетници. Полициските службеници вршеле обиколки и повремени задржувања во паркот во Капиштец на улицата „Народен фронт“ бр. 66, на булеварот „Партизански одреди“, како и кај игралиштето „Дрвен Град“ на улицата „Славка Недиќ“.

Од МВР информираат дека при проверките во угостителските објекти не биле забележани неправилности, ниту биле затекнати малолетници кои консумирале алкохол.

— реклама —

Од полицијата најавуваат дека акциските контроли ќе продолжат и во наредните денови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryu3t6m8j4fjacfNjc8XP

Насилство и грабеж во маркет во струмичкo, приведени две лица

Македонија | пред 21 час

— реклама —
eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-53-3340PM

Изгубил контрола над тротинетот и паднал на асфалт, тешко повредено дете итно пренесено на скопските клиники

Македонија | пред 23 часа

media-library7i63hrf4igt02XUeV7C

Раководител во јавно претпријатие пријавен дека ѝ се заканувал на вработена

Скопје | пред 23 часа

media-library62b07q8e1ssd4SndMqP

Прилепчанец пријавен за лихварство во Кочани, позајмил 7.500 денари, барал да му вратат 12.500

Македонија | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања