Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Фатиме Фетаи избрана за обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
fatime-fetai

Фатиме Фетаи, Бурим Рустеми, Сашо Рајчев, Наум Пановски и Снежана Бундалевска – Георгиевска на денешната седница на Советот на јавни обвинители се избрани за обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје.

Обвинителите Фетаи и Рустеми се од поранешното Специјално јавно обвинителство, Пановски доаѓа од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Рајчев и Бундалевска-Георгиевска од Јавното обвинителство Скопје.

Советот денеска за јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје ги избра Лиле Стефанова, Артан Ајро, Трајче Пеливанов, Наташа Поп Трајкова и Катерина Коларевиќ.

— реклама —

Обвинителите Стефанова, Ајро и Пеливанов беа дел од поранешното Специјално јавно обвинителство, Наташа Поп Трајкова е од Основното јавно обвинителство (ОЈО) – Струмица, а Катерина Колариќ од ОЈО Скопје.

Четворица од кандидатите беа избрани едногласно до 11 гласа од членовите на Советот, а еден обвинител со 10 гласа „за“.

— реклама —

На огласот за избор на пет обвинители во Обвинителството предводено од Вилма Русковска беа пријавени 14 кандидати, меѓу кои и Фатиме Фетаи, Љубомир Лапе, Елизабета Јосифовска, Никола Довлев, Имран Османи, Влатко Биковски, Оливера Проевска, Наташа Сарамандова и Верица Бешетска Крстева, кои не ги добија потребниот број гласови од членовите на Советот на јавните обвинители.

— реклама —

На денешната седница Советот на јавните обвинители го избра Стојанчо Арнаудовски за основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Струга. За ова место конкурираа и обвинителите Џемал Лога и Благоја Даскаловски.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања