Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ФБИ и црногорската полиција уапсија ирански државјанин обвинет за сајбер напади вредни 3,4 милијарди долари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Балкан
sajber-napad

Во заедничка акција на црногорската полиција и американското ФБИ, во Котор е уапсен 39-годишниот Амир Барати, припадник на Иранската револуционерна гарда, кој американските власти го товарат за серија сајбер напади со кои, според обвинението, е предизвикана штета од околу 3,4 милијарди долари.

— реклама —

Од црногорската полиција информираа дека Барати се сомничи за повеќе кривични дела, меѓу кои заговор за компјутерска измама, неовластено навлегување во компјутерски системи и кражба на идентитет.

— реклама —

Според наводите, тој од 2013 година дејствувал како соработник на иранска компанија и бил вклучен во обемни хакерски активности насочени кон американската инфраструктура. Меѓу целите на нападите биле повеќе од 150 универзитети во Соединетите Американски Држави.

— реклама —

Во соопштението се посочува дека незаконски прибавените податоци, како и пристапот до компромитираните универзитетски профили, биле користени од Иранската револуционерна гарда, но и од други субјекти и институции во Иран, вклучително и тамошни универзитети.

— реклама —

Американските власти го бараат Барати во рамки на истрага за сајбер криминал, а се очекува во следниот период да биде донесена одлука за понатамошната постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

cAnk9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTTJZN01EQV8vYTAwYzk0NDIzNWY4ZGE3MDFhNTgyMDU3ZTExNWYyM2MuanBnkZMCzQLkAIGhMAE

Пленковиќ со ултиматум до Црна Гора: Нема затворање на преговорите со ЕУ без договор за границата

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-librarylcdeie1nugq99RKDHRd

(Видео) Пожар во Сараево зафати неколку железнички вагони

Свет | пред 4 дена

media-librarygbuvuiv203t88ECHaBn

Црна Гора ја забрзува европската интеграција, затворени уште две преговарачки поглавја

Балкан | пред 6 дена

crna-gora-eu-1-750x430-1

Црна Гора би можела да го потпише договорот за членство во ЕУ во јуни 2027 година

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања