Промени тема
Контакт

ФБИ: Иран стои зад обидот за хакирање на кампањите на Трамп и Бајден-Харис

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
haker-724x406

Владата на Соединетите Американски Држави заклучи дека иранската влада стои зад хакирањето и протекувањето податоци насочени кон претседателската кампања на републиканскиот кандидат Доналд Трамп и кампањата на американскиот претседател Џозеф Бајден и Камала Харис.

Ова го соопштија ФБИ и други американски разузнавачки агенции.

— реклама —

ФБИ го информираше Трамп за своите прелиминарни наоди откако медиумите објавија дека добиле документи за кои се верува дека се од сметка на висок функционер од кампањата на Трамп, а штабот на Камала Харис соопшти дека хакерите биле неуспешни во нивните обиди да ја хакираат нејзината кампања, пренесува CCN.

„Меѓународната заедница е убедена дека Иранците, преку социјален инженеринг и други напори, бараа пристап до поединци со директен пристап до претседателските кампањи на двете политички партии. Таквите активности имаат за цел да влијаат на изборниот процес во САД“, се вели во соопштението на Канцеларијата на директорот на Националното разузнавање и Агенцијата за сајбер безбедност и инфраструктурна безбедност.

— реклама —

Се додава дека таквиот пристап не е нов и дека Иран и Русија ја користеле оваа тактика не само во САД за време на овој и претходните изборни циклуси, туку и во други земји во светот.

Иранската мисија во ОН во понеделникот ги отфрли, како што ги нарече, „непоткрепени“ тврдења дека Иран стои зад хакерската операција.

„Ваквите обвинувања се неосновани. Исламската Република Иран нема ниту намера ниту мотив да се меша во претседателските избори во САД. Доколку американската влада искрено верува во валидноста на нејзините тврдења, треба да ни достави релевантни докази“, рече Постојана мисија на Иран во ОН за Си-Ен-Ен.

— реклама —

ФБИ минатиот понеделник објави дека отвориле истрага за наводите од кампањата на Доналд Трамп дека поранешниот претседател бил цел на хакери кои работеле за иранската влада.

Кампањата на Трамп го обвини Иран и укажа на извештајот на истражувачите на Мајкрософт во петокот во кој се вели дека хакери поврзани со иранската влада се обиделе да ја пробијат сметката на висок функционер во претседателската кампања на САД.

Минатата недела ФБИ ја информираше кампањата на Камала Харис дека таа е цел на „операција со странско влијание“.

Дури и тогаш, иранските власти негираа каква било поврзаност со хакирањето на претседателските кампањи на САД.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library67u1l8gcbbcvdhCdzPx

Трамп бара смена на Зеленски: „Време е Украина да добие нов претседател“

Свет | пред 6 часа

— реклама —
media-library6m0d6d4v1t8k2WaLf2M

Кремљ откри детали од разговорот Путин-Трамп: Во фокусот Украина, Иран и испораките на гориво

Свет | пред 8 часа

w_55031023

Калас: Укинувањето на санкциите за рускиот дизел ѝ помага на Москва да ја финансира војната

Свет | пред 9 часа

media-library66h95ii86ar5aDVpbdj

Трамп објави договор со Путин за милиони тони дизел и најави рекорден пад на цените

Свет | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања