Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, соопшти дека компанијата Golden Eagle (поранешно ФЕНИ) во првата фаза ќе ги врати на работа 170 лица, а во следната фаза се очекува да се вклучат уште 500 работници.
Производството на никел е планирано да започне во април, кога производствените печки ќе бидат ставени во функција.
Јанчев истакна дека соработката меѓу Golden Eagle, општината, Владата и премиерот Христијан Мицкоски овозможила фабриката повторно да функционира, што е значаен придонес за локалната економија и граѓаните на Кавадарци.