Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

ФИБА ја продолжува суспензијата за Русија и Белорусија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 24 минути -

Спорт
media-libraryf8t0p6fak5dlfLOdH2D
фото: unsplash

ФИБА Европа соопшти дека суспензијата за кошаркарските репрезентации на Русија и Белорусија останува на сила, без промени во нивниот статус во меѓународните натпреварувања.

— реклама —

На големиот состанок на Бордот на ФИБА, одржан во петокот во германскиот град Хамбург, била донесена одлука руските и белоруските репрезентации да не добијат дозвола за настап во системот на кошарка 5 на 5 под покровителство на ФИБА.

Суспензијата беше воведена по почетокот на руската инвазија врз Украина, кога клубовите и националните селекции од двете земји беа отстранети од меѓународните натпреварувања.

— реклама —

Сепак, одредени промени веќе се направени во кошарката 3 на 3. На младинските селекции на Русија и Белорусија им беше дозволено учество на меѓународни турнири, а во јули настапија и на турнирот од Лигата на нации до 21 година во Кина.

— реклама —

Дополнително, во септември Извршниот комитет на ФИБА одлучи да овозможи враќање на меѓународната сцена на индивидуални кошаркари, тренери, судии и други членови на кошаркарската заедница од двете земји.

Сепак, прашањето за враќање на националните репрезентации и клубовите останува отворено. Најновата одлука на ФИБА Европа потврдува дека засега нема да има промени во нивниот статус.

— реклама —

За статусот на Русија и Белорусија во меѓународните натпреварувања повторно би требало да се разговара во декември.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

kosarka-kumanovoo

Инцидентот во Куманово стигна до ФИБА – стартува истрага против МКФ

Македонија | пред 1 година

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања