Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ФИФА направи важна измена што може да го промени текот на Светското првенство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Спорт
media-libraryauv5mdsh28tkbYuX2FH
Photo by Alfonso Scarpa on Unsplash

ФИФА воведе значајна промена во дисциплинските правила за Светското првенство 2026, со која значително се намалуваат шансите фудбалерите да го пропуштат финалето поради суспензија предизвикана од акумулирани жолти картони.

Новото правило предвидува жолтите картони да се бришат по завршувањето на групната фаза, што значи дека играчите ќе ја започнат нокаут-фазата со „чисто досие“. Дополнително, амнестија ќе има и по четвртфиналето, со што картоните повторно ќе се поништуваат пред завршните натпревари на турнирот.

— реклама —

На тој начин, ФИФА практично воведува двојна амнестија за жолтите картони на проширениот Мундијал со 48 репрезентации, со цел најдобрите фудбалери да не останат без настап во најважните мечеви поради дисциплински казни.

Црвените картони, сепак, и натаму носат автоматска суспензија од најмалку еден натпревар, а Дисциплинската комисија на ФИФА може да изрече и построги санкции во зависност од тежината на прекршокот.

— реклама —

Дека ФИФА има пофлексибилен пристап кон дисциплинските мерки покажа и случајот со Кристијано Роналдо. Иако, според правилникот, му се закануваше подолга суспензија по инцидентот во квалификациите против Ирска, Дисциплинската комисија му изрече казна од само еден натпревар, овозможувајќи му да биде подготвен за настап на Светското првенство.

— реклама —

Измените доаѓаат во пресрет на историското Светско првенство во САД, Канада и Мексико, кое за првпат ќе се игра со 48 национални селекции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања