Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Фијаско на „Милениум“: Велс ја распарчи Македонија со седум гола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Спорт
media-libraryobc24ntegtp35uJIcbr

Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа тежок пораз во Кардиф од Велс со 7:1, во последното коло од Ј групата на квалификациите за Светското првенство. Со овој резултат, Велс го обезбеди второто место и место во плејофот, додека Македонија ќе мора да бара шанса за Мундијалот преку Лигата на нации.

— реклама —

По речиси две години без пораз во официјални натпревари, вечерва заврши една успешна низа на избраниците на селекторот Благоја Милевски, кој доживеа тежок удар на „Милениум“ стадионот. Македонскиот состав одигра слаб меч, со катастрофални грешки во одбраната и без идеја во нападот. Единствено голманот Столе Димитриевски беше на ниво, спречувајќи уште потежок резултат.

— реклама —

Почетокот на натпреварот влеваше надеж откако Бојан Миовски во 23-тата минута постигна погодок и намали на 2:1, а до крајот на првото полувреме Македонија имаше и неколку шанси преку Барди од слободен удар и серија на корнери. Сепак, вториот дел беше целосна доминација на домаќините.

— реклама —

Во редовите на Велс блескаше Хари Вилсон со хет-трик, а по еден гол постигнаа Брукс, Џонсон, Даниел Џејмс и Бродхед.

— реклама —

Овој пораз ќе остане запаметен како еден од најтешките за Македонија во последните години, а јавноста веќе бара одговори за тактичките промашувања и слабата подготовка на тимот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryta6ouhu7c3v78u43Jtr

Мурињо откри дали брадата му носи среќа пред Ел Класико

Спорт | пред 1 седмица

— реклама —
media-library5odsev01qor28PWHJZq

Мбапе доби зелено светло од Реал, дали се подготвува изненадување за „Златната топка“?

Спорт | пред 1 седмица

media-librarykthm4fckl1lb2xnwFXE

(Видео) „Двојните стандарди мора да престанат“: Озил упати порака до ФИФА

Свет | пред 1 седмица

media-library98ltv1m2m1v82yfCkaG

Почина Бо Јохансон, селекторот што ја одведе Данска до историското четвртфинале на СП 1998

Спорт | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања