Промени тема
Контакт

Филипче: Без никакви докази за лагите, ВМРО-ДПМНЕ ја претвори партиската говорница во Обвинителство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_5169

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, остро ја критикуваше ВМРО-ДПМНЕ за нивното однесување на власт, обвинувајќи ги дека ја злоупотребуваат својата позиција и манипулираат со јавноста.

„Сè што ние сега гледаме изминатиот период е претворање на партиската говорница на ВМРО-ДПМНЕ во МВР или во Основно јавно обвинителство. Тие се однесуваат опозиционо додека се на власт. Ако било што имаат против одредени поранешни функционери, треба да стигне во институциите коишто сега се под нивна контрола,“ изјави Филипче, критикувајќи ги постапките на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Филипче истакна дека и покрај сите обиди за заплашување, ниту тој, ниту некој од СДСМ се плаши од нивните постапки. „Ниту јас лично, ниту пак некој од СДСМ се плаши од оваа стратегија на ВМРО-ДПМНЕ“ додаде тој.

— реклама —

Сметам дека се апсолутно само замајување на јавноста, само застрашување и тоа е една политика по којашто беа познати во времето на Никола Груевски,“ заклучи Филипче, подвлекувајќи дека оваа политика на ВМРО-ДПМНЕ не е ништо ново и се темели на застарени методи на заплашување и манипулација.

— реклама —

Тој исто така додаде: „Сè она што до сега го констатиравме е дека го прави ВМРО-ДПМНЕ е дестабилизација, провокација, влошување на безбедносната состојба на границата со Косово, огромен број на убиства коишто не се расчистени. Имаат 10, ми се чини, во изминатиот период откога е ВМРО-ДПМНЕ на власт. Немање никаква идеја да се зголемат платите, единствено нешто со кое тие се фалат се некои инвестиции коишто ги спремила нашата Влада во изминатиот период.“ - заклучи Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

(Видео) Филипче: СДСМ поднесе закон, Минималната плата да се зголеми на 600 евра – работниците заслужуваат достоинствен живот

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryhnm63s2pg0t261FZjxL

(Видео) Филипче: Мицкоски излажа, прославата за независноста чини 5 милиони евра народни пари

Македонија | пред 3 дена

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

Филипче: Ние сме подготвени за избори кога и да бидат, а сега сè излегува на виделина

Македонија | пред 3 дена

media-librarya8br9fb87cvdffOOPQG

(Видео) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања