Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Филипче: Зад владините бајки се кријат задолжувања и осиромашување на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Слајдер
media-library4vga89r95vis6Q7ERoC

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја критикуваше економската политика на Владата, повикувајќи се на проекциите на Меѓународниот монетарен фонд, според кои Македонија се наоѓа на 41. место меѓу 48 европски економии според проектираниот БДП по жител.

— реклама —

Филипче посочи дека проектираниот БДП по жител изнесува 11.762 долари и дека Србија, Црна Гора и Албанија се пред Македонија во регионалната споредба. Според него, овие податоци ги демантираат тврдењата на премиерот Христијан Мицкоски за Македонија како трета економија во Европа.

— реклама —

„Каква трета економија, Македонија е на дното во Европа. Според ММФ Македонија е на 41 место меѓу 48 европски економии“, рече Филипче.

Тој оцени дека граѓаните секојдневно ги чувствуваат последиците од економската состојба, посочувајќи на високите цени и, како што рече, стагнацијата на платите. Според него, месечните трошоци за четиричлено семејство, заедно со станот, достигнуваат 90.000 денари.

— реклама —

Филипче ја обвини Владата и за ново задолжување од четири милијарди евра во период од две години, како и за недостиг од зголемување на минималната плата. Тој предупреди и на очекувано поскапување на парното и електричната енергија.

— реклама —

Според претседателот на СДСМ, зад, како што ја нарече, пропагандата на власта се крие економска политика што ги задолжува државата и ги осиромашува граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

Филипче: Мицкоски е пион на оската Орбан–Вучиќ за ограбување на земјата и запирање на европскиот пат

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

Филипче: Алта банка е дел од политичките концесии кон Вучиќ, власта добро знаела кој е Мацура

Македонија | пред 3 дена

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

Филипче: Повеќе пари без тендер, помалку контрола - СДСМ против измените на Законот за јавни набавки

Македонија | пред 4 дена

media-library9jh8rln362q60YzjDzg

(Видео) „Со кого преговарал Мицкоски за Алта банка – со Мацура, со Вучиќ или со двајцата?“, вели Филипче

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања