Промени тема
Контакт

Филипче бил предупреден за лошиот квалитет на модуларните болници но не реагирал, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
venko-filipce-58

„За време на корона пандемијата, а и за целиот негов мандат Венко Филипче покажа само едно, дека и во криминалот, и во одморите и забавите е со Зоран и Вице Заев. Тие не се грижат за здравјето и животот на граѓаните. Филипче иако бил предупредуван за лошиот квалитет на материјалот од кој се правени модуларните болници, не реагирал ама затоа трчал по брзи пари“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

— реклама —
— реклама —

„Неговото трчање по брзи пари чинеше 14 жртви, семејства завиени во црно. 14 лица загинаа во пожарот во модуларната болница во Тетово која изгоре за две минути. Филипче и Заев се заинтересирани само за бизнисот и провизиите, ама не и за тоа дали има соодветни услови за лечење на граѓаните. Па така бројката на починати од корона е скоро 6.500 лица. Потребна е професионална и независна истрага за тоа што изгоре модуларната болница во Тетово. Тоа е може но само со оставки на Филипче и Заев. Затоа Филипче и Заев мора да заминат од функциите“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања