Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Филипче: Бранот стивнува, се надеваме дека ваквиот тренд ќе продолжи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
venko-filipce-5

Министерот за здравство, Венко Филипче  информираше дека бранот на новозаболени лица со коронавирус  во последниве 24 часа е во опаѓање. Како што кажа тој, здравствените власти и натаму се претпазливи бидејќи на голем број од новозаболените би можело да им затреба болничко лекување. Министерот соопшти дека бројот на новодијагностицирани случаи во последново деноноќие е под 900.

„Се надевам дека овој тренд ќе продолжи и дефинитивно ова се знаци дека и овој бран стивнува“, рече Филипче.

— реклама —

Филипче додаде дека на 19 април ќе пристигнат 10 илјади вакцини на Pfizer, на 26 април ќе пристигнат уште 10 илјади дози, а на 28 април се очекува да пристигнат и кинеските вакцини. Според министерот се очекува да пристигнат вкупно 200.000 вакцини.

— реклама —

Министерот додаде дека дневно се вакцинираат по 1.500 граѓани, а откако ќе стигнат дополнителни вакцини, бројот на дневно ниво ќе се зголеми.

— реклама —

„Нас во овој момент не ни треба нарачка не ни требаат дополнителни вакцини. Засега имаме нарачано 2,6 милиони вакцини“, изјави Филипче.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања