Промени тема
Контакт

Филипче до Мицкоски: Не може македонска партија со бугарски пасоши

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library58o0pptggnvpf5JpTKc

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, му возврати на премиерот Христијан Мицкоски, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека неговата партија е „промакедонска“.

Филипче преку кратка порака го нападна Мицкоски, алудирајќи на бугарските пасоши на функционери и членови на ВМРО-ДПМНЕ.

„Промакедонска? Значи не сте македонска? А да, не сте. Не може македонска со бугарски пасоши!“, напиша Филипче.

— реклама —

Претходно, Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за тоа што Филипче ја нарекол ВМРО-ДПМНЕ „бугарофилска партија“, рече дека раководството на СДСМ секојдневно излегува со „некултурни“ изјави и ги менува ставовите.

„Човекот секој ден кажува, а и раководството, работи кои се некултурни, а второ тоа што го кажуваат го менуваат неколкукратно во денот“, рече Мицкоски.

— реклама —

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е „промакедонска партија“ и дека, според него, СДСМ го изгубил својот идентитет.

— реклама —

„Ние сме промакедонска партија и тоа нас нѐ интересира. Тоа што тие го изгубија својот идентитет е нивен проблем, а со тоа и на избори ќе се соочат“, изјави Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library11umh2gfq8r73Sy6Z9x

Филипче: Огромната буџетска дупка е резултат на катастрофалното управување на Мицкоски

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-library6e42aqrvhlkk4upjTP4

Филипче: Владата внесува кинески пари и ги поткопува партнерствата со САД и ЕУ

Македонија | пред 12 часа

media-libraryj108ua3vl58qdunDf2A

Филипче: Кошничката со кирија достигна 90.000 денари – во Македонија стана невозможно да се живее

Македонија | пред 12 часа

media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

Македонија | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања