Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

Филипче до Мицкоски: Нема да отстапиме пред заканите, никој не ти се плаши

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција му порача на премиерот Мицкоски дека СДСМ нема да отстапи пред заканите и притисоците од власта, и нагласи дека борбата против автократските и корумпирани политики ќе продолжи.

„Сакам да му порачам на премиерот дека СДСМ нема да отстапи пред заканите и притисоците за прогон.Никој не му се плаши. Креира и нарачува процеси, убеден дека така ќе внесе страв и ќе ја сопре нашата борба со овој автократски режим и овој корумпиран режим којшто тој го води. Се лаже, нема повлекување, ние нема да запреме“, рече Филипче.

— реклама —


На прес-конференцијата, Филипче предупреди дека СДСМ се соочува со отворени закани, што не е својствено за демократските општества.


„Опозицијата добива отворени закани. И ова го нема во ниту една развиена земја во Европа. Ова што премиерот го прави едноставно го нема во ниту една демократска земја во светот. Отворени закани со обвиненија, најави за прогон на политички противници и нивни семејства. Тоа е злоупотреба на службената должност, на премиерот.И користење на контролирано обвинителство и судство како орудие за пропаганда и заплашување. Тоа, почитувани граѓани, не е демократија. Ова што се случува, како и што предупредувавме, во изминатите две години, е една класична автократија“, рече Филипче.

— реклама —


Тој додаде дека ваквите политики на Мицкоски ја оддалечуваат државата од европскиот пат.

— реклама —


„Ова не е земја која што беше до пред две години. Ова не е проевропската Македонија. Ова е проруска земја која што ја води рускиот прокси играч Христијан Мицкоски. Ова не е демократија“, рече Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2672l82he69g0mwZWZG

СДСМ: Мицкоски повторно – „груба манипулација за Борче Марковски“ – секогаш некој друг е крив

Македонија | пред 16 часа

media-libraryujd54c325i5447Pt9Vc

„Цела Македонија отруена поради неодговорноста на Мицкоски и ВМРО-ОКГ“, велат од СДСМ

Македонија | пред 20 часа

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

„Пола Македонија отруена а одговорни сè уште нема“, велат од СДСМ

Македонија | пред 22 часа

media-libraryl85o3cek89n79Kn961t

СДСМ: Зошто владата на Мицкоски не објавува документ за водата во Гостивар?

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања