Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Филипче до Мицкоски: Зошто криете резултати за загадената вода?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarysjk5kemche6553QKpMV

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања побара од премиерот Христијан Мицкоски да објасни зошто Владата, како што рече, не ги објавува резултатите од анализите за квалитетот на водата во повеќе општини и зошто граѓаните не добиваат навремени и јасни информации за состојбата.

— реклама —

Филипче истакна дека во повеќе градови, меѓу кои Гостивар, Валандово и Скопје, се појавиле проблеми со водата за пиење и праша кој е одговорен за контролите и зошто резултатите од анализите не биле навремено соопштени на јавноста. Тој потсети и на случајот со загадената вода во болницата во Лешок, нагласувајќи дека сè уште нема информации за актуелната состојба.

— реклама —

Според него, дополнителна забуна создаваат различните изјави на претставници на Владата за исправноста на водата во Гостивар, поради што, како што рече, граѓаните не знаат кому да веруваат.

— реклама —

Филипче се осврна и на случајот со белата пена во реката Лепенец, во близина на бунарите што го дополнуваат изворот Рашче, оценувајќи дека јавноста и за овој случај останала без доволно информации.

— реклама —

Тој ја критикуваше и комуникацијата на институциите, наведувајќи дека за прашања поврзани со безбедноста на водата треба да се изјаснуваат стручни лица со соодветна експертиза. Според Филипче, при третманот на водата најнапред треба да се отстранат органските соединенија, а потоа да се спроведе процесот на хлорирање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6k2mno83vtst6eP3wWt

„Гордана Димитриеска Кочоска да си поднесе оставка, лаже за Алта банка“, вели Филипче

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Не им дозволуваат на граѓаните да си ги земат парите за да го спасат капиталот на криминалната банка“, обвини Филипче зборувјќи за „Алта“

Македонија | пред 3 дена

media-libraryesl6lk5d2sbn9mZIdPT

(Видео) „Алта банка е уште еден доказ колку е криминална и арамиска власта на Мицкоски“, вели Филипче

Македонија | пред 5 дена

media-library93nenmtullj09tH7s2N

(Видео) Филипче: Укажувавме за Алта банка - блиска до Вучиќ, пари од криминал, трговија со дрога, опљачкани од народот

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања