Промени тема
Контакт

Филипче: ДУИ е симбол на корупција и поделби – СДСМ јасно се дистанцира

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
filipce34

Во интервју за „Независен“, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговори на прашањето за можната соработка со партиите од албанскиот блок, со посебен акцент на ставот кон ДУИ. Новинарот праша дали СДСМ би ја разгледала можноста за соработка со ДУИ или со други партии од албанскиот политички спектар, особено во контекст на коруптивната стигма и етничките тензии што ги носи политиката на ДУИ.

Филипче јасно ја отфрли можноста за поврзување со ДУИ и ја нагласи потребата од политики кои обединуваат, а не делат. „СДСМ никогаш повеќе нема да дозволи да биде ставен во истата рамка или да биде подреден на било која партија, особено не на ДУИ. Коруптивната стигма која со години ја носи оваа партија е нешто од што јасно и недвосмислено се дистанцираме. Нивната реторика и постојаното подигање на етнички тензии како алатка за политичко делување е неприфатлива и опасна. Таквите политики немаат место во нашето мултиетничко општество,“ изјави Филипче.

— реклама —

Тој ја обвини ДУИ за политички практики кои го спречуваат напредокот на Македонија. „ДУИ продолжува со овие практики, а ВМРО-ДПМНЕ само профитира и ја подгрева ситуацијата. Иако јавно ги осудуваат и тврдат дека се во конфликт, нивната неформална соработка е повеќе од очигледна. Претходните заеднички гласања во Собранието, како и мистериозното бегство на Артан Груби, за кое добивме смешни објаснувања од МВР, само ги потврдуваат сомнежите дека имаат задкулисни договори,“ рече тој.

— реклама —

Филипче истакна дека оваа соработка создава политичка нестабилност и ги нарушува меѓуетничките односи. „Последните настани, како инцидентите на Денот на албанското знаме, се директен резултат на ваквата политика на поделби и провокации. Ова не е патот што Македонија треба да го оди. Наместо да зборуваме за економски напредок, интеграција во ЕУ и подобар живот за граѓаните, постојано се враќаме на теми кои создаваат тензии и конфликт,“ додаде тој.

— реклама —

Во однос на идната соработка со албанските партии, Филипче подвлече дека ќе се базира на заеднички вредности и транспарентност. „СДСМ ќе работи со партии кои ги споделуваат нашите заложби за транспарентност, реформи и градење политики кои ги обединуваат граѓаните, а не ги делат. Нема да дозволиме етничките прашања да се користат како алатка за прикривање на корупцијата или неспособноста,“ заклучи тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

lukarevska-1

Лукаревска: Западнонилската треска и труењето во Гостивар се доказ за неспособноста на власта да менаџира со криза

Македонија | пред 1 час

media-libraryjphuscl4q4iubRXHkA2

Апасиев: Филипче не знае каде тера, нека се соочи со својата политичка компромитираност

Македонија | пред 1 час

media-librarylk6kmpj780a7741ItyH

„Дизелот надмина 100 денари – граѓаните скапо ги чинат промашувањата на Мицкоски“, вели СДСМ

Македонија | пред 7 часа

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

Мицкоски бара алиби за избори, ќе му го дадат руската и српската служба, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања