Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Филипче: Имаме тренд на намалување на бројот на нови случаи со ковид-19, ако има потреба мерките ќе се продолжат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
venko-filipce-6

Имаме тренд на намалување на бројот на новодијагностицирани случаи со Ковид-19. Бројот на новодијагностицирани е околу 1000, што потврдува дека епидемиолошката крива е во континуиран пад и тоа еден добар податок. Тоа значи дека мерките во рамките на предвидувањата ги даваат своите резултати, изјави  министерот за здравство Венко Филипче.

— реклама —

Посочи дека притисокот во болниците е се уште голем со оглед на тоа што се уште има голема бројка на дијагностицирани.

Според Филипче доколку има потреба по 20 април повторно ќе се продолжат рестриктивните мерки.

— реклама —

„Во зависнот од индикаторите ако има потреба, дефинитивно да“, кажа Филипче.

Тој додаде дека кога ќе стигне поголема количина на вакцини тогаш и ќе се вакцинира, затоа што не сака да го земе редот на некој што има поголем ризик.

„Сите вакцини се безбедни, проверени, каков ќе биде редот со таа вакцина ќе се вакцинирам“, кажа министерот.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања