Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Филипче: Инвестициите во образованието се клучни, секое дете мора да има еднаква шанса

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
venko

„Вложувањето во образованието е најважната инвестиција која не трпи импровизации“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на почетокот на новата учебна година. Тој нагласи дека во времето на владата предводена од СДСМ бил ставен силен фокус на изградба и реконструкција на училишта, како и на зголемувањето на наставничките плати.

— реклама —

„Изградивме и реконструиравме над 80 училишта. Направивме значајна инвестиција во платите на наставниците – зголемување од над 50%, нешто што сега сериозно недостасува“, рече Филипче.

— реклама —

Како пример го посочи училиштето „Киро Глигоров“ во Скопје, каде што денеска присуствуваше на настан заедно со градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски. „Герасимовски покажа дека знае да менаџира – неколку години по ред за сите првоодделенци има униформи и бесплатни ранци, а од следната година ќе има и бесплатен оброк“, додаде тој.

— реклама —

Филипче истакна дека и во програмата за претстојните локални избори СДСМ ќе даде приоритет на обезбедувањето квалитетна настава и поддршка за учениците и родителите. „Програмата се темели на тоа да се обезбеди квалитетна настава, безбедни улици за децата и сè што може да се направи на локално ниво за поддршка на семејствата,“ нагласи тој.

На сите ученици, родители и наставници, Филипче им посака успешна и мирна учебна година исполнета со нови знаења, радост и трпение

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqjpvfkvd9plb11Q6MZr

СДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите, а тој со него пиеше вино?

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-library1bt4smd6t3fj0PrtIRF

„Рудник во Иловица нема да има, народот ќе ви каже 'не'“ – Тренчевска со предупредување до власта

Македонија | пред 1 ден

media-libraryoectsngc9te1a174i6K

„Ние ја прокоцкавме шансата, Венко и ботовите не сфаќаат ништо“ – ексфункционерот Кичевски со жестоки критики кон СДСМ

Коментари | пред 1 ден

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

СДСМ: „Вучиќ управува со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, следуваат разврски во Србија“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања