Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Филипче: Изјавата на Мицкоски дека децении ќе чекаме е признание дека оваа влада не сака во ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-librarypuonom89qceu5AhNovk

Претседателот на СДСМ Венко Филипче оцени дека граѓаните не треба да очекуваат ништо од европскиот пат на државата, обвинувајќи ја владата дека целосно го блокира процесот на евроинтеграции.

— реклама —

Тој посочи дека премиерот Христијан Мицкоски јавно изјавил дека земјата може да чека децении за членство во Европска Унија, што според Филипче е доказ дека актуелната власт нема намера да направи ниту еден сериозен чекор кон Европа.

— реклама —

Како пример за застојот, Филипче наведе дека во текот на 2025 година требало да се донесат десетина закони од областа на правосудството, а усвоен бил само еден и тоа со делумна имплементација на препораките од европската оценска мисија.

Тој истакна дека Собрание на Република Северна Македонија не може да работи ако Влада на Република Северна Македонија не доставува закони и реформски материјали.

— реклама —

Филипче откри дека по пожарот во Кочани му понудил на премиерот заедничка работа на реформската агенда, била формирана работна група и биле доставени експертски мислења за законите од областа на правосудството, но одговор од Министерството за правда не добиле.

— реклама —

Според него, дел од овие закони се директно поврзани со европски финансиски средства, а без промена на политиките – и на самата влада – државата нема да направи никаков исчекор кон ЕУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6k2mno83vtst6eP3wWt

„Гордана Димитриеска Кочоска да си поднесе оставка, лаже за Алта банка“, вели Филипче

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Не им дозволуваат на граѓаните да си ги земат парите за да го спасат капиталот на криминалната банка“, обвини Филипче зборувјќи за „Алта“

Македонија | пред 5 дена

media-libraryesl6lk5d2sbn9mZIdPT

(Видео) „Алта банка е уште еден доказ колку е криминална и арамиска власта на Мицкоски“, вели Филипче

Македонија | пред 1 седмица

media-library93nenmtullj09tH7s2N

(Видео) Филипче: Укажувавме за Алта банка - блиска до Вучиќ, пари од криминал, трговија со дрога, опљачкани од народот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања