Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Филипче: Мицкоски беше турист во Давос, Македонија никогаш поизолирана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
mickoski-filipce

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на 31. Конгрес на партијата остро го критикуваше премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека неговото присуство на Светскиот економски форум во Давос било „чист туризам“, додека државата, како што рече, се наоѓа во најдлабока дипломатска и социјална криза.

Според Филипче, Мицкоски „глумел светски лидер“, но за пет дена не остварил ниту една значајна средба, додека во Македонија „народот се бори за корка леб, а државата пука по сите шавови“.

„Додека народот се бори за корка леб, каде е премиерот? Во Давос. Прави селфија по ходници, без ниту една суштинска средба. Тоа не е хипербола – човекот беше турист. Скап туризам платен со народни пари“, рече Филипче.

Тој оцени дека Македонија е во целосна дипломатска изолација, со блокиран европски пат и без јасна стратегија за меѓународно позиционирање.

— реклама —

„Европа нè отпиша, а Америка не нè запишува. Наместо во периметарот на САД, со Мицкоски завршивме надвор од кружницата наречена Европа. Ова е дипломатско лудило и конфузија што не може да се оправда. Ова е предавство на националните интереси“, изјави Филипче.

Во продолжение, лидерот на СДСМ посочи дека, според него, единствениот план на ВМРО-ДПМНЕ е Македонија да остане „заглавена во калта на Балканот“, без европски правила, судови и контрола.

— реклама —

„Сакаат да ја претворат Македонија во карантин зона и тампон за туѓи проблеми, само за да добијат тапкање по рамо и кредит од шест милијарди евра. Ја продаваат безбедноста на домовите и на децата за ситни политички поени. Тоа е врвен чин на предавство на сопствениот народ“, нагласи Филипче.

Тој додаде дека нема да дозволат државата да стане „логoр за туѓи геополитички поткусурувања“, додека младите масовно ја напуштаат земјата.

— реклама —

Осврнувајќи се на предизборните ветувања на актуелната власт, Филипче рече дека наместо најавената „гордост“, Македонија е доведена „до питачки стап“.

„ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека СДСМ била потчинета на Европа и дека тие ќе ја враќале гордоста. А што добивме? Влада целосно потчинета, уценета и купена со кеш и проекти од Александар Вучиќ и Виктор Орбан. Ја сведоа државата на последната дупка на Балканот, со премиер кој не смее потпис да стави без одобрување од своите газди“, изјави Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2672l82he69g0mwZWZG

СДСМ: Мицкоски призна — две години ги труеле граѓаните на Гостивар

Македонија | пред 17 часа

media-library2dm69fmklhc560F8vVx

СДСМ: Водата е небезбедна во десетици населени места, бараат јавно објавување на сите анализи

Македонија | пред 22 часа

media-librarypeu1u1rdt5f5cn71SaP

СДСМ: Евростат и НБРМ ги демантираа тврдењата на Мицкоски за економскиот раст

Македонија | пред 22 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Стара политичка војна: СДСМ за Белгија и ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ за водата и Филипче

Македонија | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања