Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Филипче: Мицкоски да ги види во архивата на Владата мерките на СДСМ и да ги примени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денешната на прес-конференција ја повика Владата да преземе конкретни мерки со кои ќе го заштити животниот стандард на граѓаните. Филипче му порача на премиерот Мицкоски, да ја надмине суетата, да ги отвори архвите и да види како владите на СДСМ се справуваа со кризите и им помагаа на сите граѓани и на стопанството.

— реклама —

„Лесно е, нека види премиерот во архивите на владата има таму како работеле нашите влади за време на кризите и нека им излезе во пресрет на граѓаните. Се надевам дека ќе си ја надмине суетата и ќе сфати дека ниту има визија, ниту има капацитет да ја води владата. Кога укажавме дека овој буџет којшто го предлага оваа влада ниту е развоен, ниту има капацитет да се справи со евентуална криза. Како да предвидовме дека криза можеби ќе има“, рече Филипче.

— реклама —

 Тој додаде дека дефицитот во буџетот е веќе пораснат, од предвидените 3,5 % на 5,1 %.

 „Толку од предвидувањата и од менаџирањето на буџетот од премиерот поради тоа што очигледно е дека се нема капацитет оваа држава да се води како што треба“, рече Филипче.

— реклама —

Воедно, Филипче и порача на власта да ги прифати мерките што ги предложи СДСМ, а кои ќе дадат реален ефект врз намалувањето на цените на горивата и нафтените деривати и врз намалување на цените на храната.

— реклама —

„Да се намали освен ДДВ-то на горивата на 5%,  да се намали ДДВ-то на основните прехранбени производи на 0%, да се намали акцизата за 4 денари. Тогаш ќе има вистинско поевтинување на горивата од кои бенефит ќе видат и граѓаните, поради тоа што граѓаните сега не гледаат бенефит од намалувањето на ДДВ-то. И покрај намалувањата на ДДВ-то, цените пораснаа. Со намалување на акцизата цената на литар гориво ќе се намали. Од тоа директна бенефит ќе имаат и компаниите, нема да влијае тоа во дополнителниот синџир на раст на другите цени. Исто, мора да има намалување и на цените на патарините.Мора да им се олесни на луѓето во оваа тешка криза“, рече Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 21 час

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 21 час

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања