Промени тема
Контакт

Филипче: Мицкоски нема одговор на ниту едно прашање, секогаш прави дефокус, Дубаи, Харис Џиновиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање нагласи  дека премиерот Христијан Мицкоски континуирано избегнува да даде конкретни одговори на клучните прашањата што ги поставува опозицијата, а се од интерес на јавноста. Како што кажа Филипче, одговорите на власта се секогаш сведени на дефокус.


„На кое прашање до премиерот вие сте слушнале конкретен одговор. Сè е дефокус и сè е бегање од темата. На прашањето кое што јас го поставив кој е Душан Адемовиќ новопоставениот конзул на Македонија во Србија, премиерот не одговори. Избегна да одговори поради тоа што одговорот не му одговара“, рече Филипче.


— реклама —

Тој додаде дека наместо одговори, јавноста постојано сведочи на обиди за пренасочување на вниманието и лажни весто.


— реклама —

„Секогаш е дефокус, Харис Џиновиќ, Дубаи, плажа, тоа одговара премиерот. Тоа е недоличен речник и начин на коментирање на човек што ја води владата и државата“, истакна Филипче.


— реклама —

Како што кажа Филипче, исто е и со прашањата за доаѓањето на Артан Груби, власта нема  одговор на ниту едно прашање.


„Еве ги прашањата за Артан Груби ние ги поставуваме од моментот кога дојде, еве и сега ги поставувам. Како е можно да на тој начин се врати бегалец од правдата? Да го пречекаат камери, да го пречека специјална полиција и да оди во домашен притвор. Сте слушнале одговор од ВМРО-ДПМНЕ? Не, ниту ќе слушнете поради тоа што имаат договор, тоа е вистината“, рече Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library11umh2gfq8r73Sy6Z9x

Филипче: Огромната буџетска дупка е резултат на катастрофалното управување на Мицкоски

Македонија | пред 18 часа

— реклама —
media-library6e42aqrvhlkk4upjTP4

Филипче: Владата внесува кинески пари и ги поткопува партнерствата со САД и ЕУ

Македонија | пред 19 часа

media-libraryj108ua3vl58qdunDf2A

Филипче: Кошничката со кирија достигна 90.000 денари – во Македонија стана невозможно да се живее

Македонија | пред 20 часа

media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања