Промени тема
Контакт

Филипче: Мицкоски нема резултати, мисли дека може да ги лаже луѓето дека добро живеат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-library5lgnmsg5ovm31MzUef5

„Мицкоски година и пол мисли дека може да ги изманипулира луѓето дека живеат добро. Тоа е инстинктот на измамниците и манипулаторите, да лажат за сè, па дури и за она за кое не може да се лаже: дали некој живее подобро или полошо“, порача вечерва претседателот на СДСМ, Венко Филипче од трибината во општина Гази Баба.

Тој истакна дека реалноста е дека на оваа неспособна власт ни уште две децении нема да ѝ бидат доволни, затоа што немаат ниту план, ниту капацитет.

„Но, најважно од сè, немаат чесна намера. Не сакаат да им помогнат на граѓаните, не сакаат да ја видат реалноста која е тешка, едноставно, не ги интересираат граѓаните. Ги интересира само олигархијата и личните бизниси“, порача Филипче.

— реклама —

Тој се осврна и на лагите со кои власта манипулира во јавноста.

„Кога Мицкоски ќе каже дека сме петти, трети или четврти во економија, тоа не само што е огромна лага, туку е тешка навреда за секој кој живее и работи во оваа држава“, рече Филипче, укажувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ ги осиромаши и изманипулира граѓаните.

— реклама —

Филипче изнесе и конкретни податоци, потенцирајќи дека бројките се погубни, а економската перспектива е уште полоша. За само една година, индустријата падна за 3,5%. Странските директни инвестиции се преполовени , а инфлацијата е 4%, меѓу највисоките во Европа.

— реклама —

„Цените растат без контрола. Веќе се откажаа од лажните кошнички. Не ни пробуваат да кажат дека нешто прават, ги оставија луѓето да живеат со скапотијата. Платите тапкаат во место, просечната плата паѓа три месеци по ред. И ова е вистинската дијагноза: овие луѓе за година и пол, опиени од успехот на изборите, заборавија дека економијата и економските политики, пред сè, треба да им служат на граѓаните“, потенцираше Филипче.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Божиновска зборува за рубини а граѓаните чекаат одговори за „Руднап“ и милионските бизниси“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 час

— реклама —
zemjodelci

СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо - Мицкоски гледа за дата центри и антимон

Македонија | пред 1 ден

maksim

СДСМ: Функциите на ЗНАМ се менливи, касата останува - отчетот е филм а предавството е факт

Македонија | пред 1 ден

sun-setting-silhouette-electricity-pylons

СДСМ: Бајка на Мицкоски за провизија - цевка што ја нема, електрана што ја нема.,струја што ќе се увезе

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања