Расте бројот на позитивни случаи на корона вирусот во Македонија, а министерот за здравство, Венко Филипче, во изјава за Телма, истакна дека се можни рестрикции од септември.
„Многу е веројатно дека ќе се соочиме со нов бран. Најважно е дека системот е подготвен да се справи со нов бран. Не знаеме дали овој тренд на нови случаи ќе продолжи понатаму. Ние не можеме да живееме вечно во рестрикции. Вакцинацијата е единствен инструмент, а рестрикциите ќе бидат насочени за луѓето кои не се вакцинирани“, истакна Филипче.
Филипче вели дека голем дел од новозаразените со корона вирус периодов се патниците кои доаѓаат од странство.
Тој уште еднаш повтори дека и покрај порастот на новозаразени, рестриктивни мерки засега нема да се воведуваат. Можни се евентуалните ограничувања воведени на есен и тоа наменети само за невакцинираните граѓани.