Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Филипче на средба со директорот на „8 септември“, каде се лекуваат 100 пациенти заразени со ковид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
3

Министерот за здравство д-р Венко Филипче попладнево оствари средба со претставници на хируршкиот колектив на ГОБ 8 Септември и со директорот на болницата д-р Христијан Костов.

„На средбата беа разгледани повеќе аспекти од состојбата, односно во ГОБ 8 Спетември во моментов се лекуваат 100 пациенти со ковид, па оттука и редуцираноста на бројот на хируршки одделенија, но сепак со запазување на итни случаи како малигноми и фрактури. Тие интервенции се одвиваат тековно. За време на средбата се најде привремено решение за оперативниот програм за следната недела, а во тек на престојните денови министерот со лекарите ќе разговараат и за трајно решение за предизвикот. Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, најголем број од пациентите се невакцинирани и тоа сериозно го оптеретува здравствениот систем“, информираа од МЗ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања