Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Филипче: Националниот совет за евроинтеграции е добра основа за единство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
VenkoFilipceSDSM

„Националниот совет за евроинтеграции, што во Собранието го предводи опозицијата, а во којшто членуваат и претставници на власта, граѓански организации и експерти претставува широка платформа којашто доколку функционира како што е предвидено, е добра основа за постигнување на национално единство по однос на клучните прашања поврзани со евроинтеграциските процеси“.

Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање по вчерашната средба со претседателката на државата, Гордана Силјановска-Давкова за тоа колку Владата ја вклучува опозицијата во процесите за деблокада на евроинтеграцискиот пат.

— реклама —

„Ако Националниот совет за евроинтеграции функционира на начин на кој Владата ќе го информира за сè што се случува, како се исполнуваат реформите од реформската агенда, од Планот за раст, ние ќе имаме заедничка работа“, истакна Филипче, кој како пратеник е претседател на Националниот совет за евроинтеграции.

Претседателот на СДСМ уште еднаш потсети дека целокупната реформска агенда и Планот за раст е изготвен од Владата на СДСМ и дека од страна на актуелната Влада се направени многу мали измени пред сегашниот премиер, Христијан Мицкоски да го стави својот потпис на овие документи.

— реклама —

Филипче потенцираше дека СДСМ ќе ја поддржи секоја подобрена позиција, којашто Владата, согласно ветувањата ќе ја обезбеди. Во однос на обидите за поддршка за уставни измени со одложено дејство, Филипче рече:

— реклама —

„Ја информирав претседателката дека за време на преговорите кога ги водеше СДСМ сме се обиделе уставните измени да бидат со одложено дејство, меѓутоа тогаш тоа не било прифатено од бугарската страна под раководство на тогашниот премиер Кирил Петков. Така што било која подобрена позиција ние ќе ја поддржиме“.

Претседателот на СДСМ смета дека пред да се разговара за какво било решение, вклучително и за уставни измени со одложено дејство, треба да се добие потврда дека такво решение е возможно.

„Многу опции и варијанти се работеле во изминатиот период. Јас имав многу состаноци на кои и тогашниот премиер Димитар Ковачевски и тогашниот главен преговарач Бојан Маричиќ ми укажаа кои обиди биле направени и што било возможно, што не било возможно. Ние го направивме тоа. Сите други обиди, меѓу другото и одложеното дејство на уставните измени тогаш бугарската страна не ги прифатила“, изјави Филипче и додаде дека што и да направи сегашната Влада што ќе ги подобри нашите позиции, опозицијата ќе поддржи таквото решение.

Филипче потсети дека СДСМ иницираше собраниска седница за премиерот да ги соопшти позициите на Владата и кои земји ја поддржуваат во нејзините напори за подобрување на положбата на земјава во однос на преговорите со ЕУ. Тоа и понатаму останува како барање од опозицијата, рече Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrtoi1ff273luc32mRhI

(Видео) „Стив Наумов“ прокиснува по реконструкцијата од 10 милиони евра, тврди СДММ

Македонија | пред 20 часа

— реклама —
media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

СДСМ: Скопје без сигурен превоз, Ѓорѓиевски со дрон и билборд, автобуси од Орбан и ѓубре од Куманово

Македонија | пред 3 дена

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжува

Македонија | пред 3 дена

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ: Земјоделците се на работ, трошоците растат 8,8%, цените 2,3%, Арамијата молчи

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања