Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Филипче не се откажува од Заев, а и со лажните ветувања како што беа од „Европско здравство“ до „Менгеле здравство“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
VenkoFilipceSDSM

„Филипче не се откажува од Заев, Филипче е спотер на Заев, Филипче не се откажува од Заев затоа што само така може да опстои на политичката сцена, а со тоа и да се обиде да избегне одговорност од криминалните дејствија, скандалите и аферите кои што го пратат уште како министер за здравство“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:

Филипче не се дистанцира од Заев, а со тоа не се дистанцира ниту од погубните политики за државата.

— реклама —

Заев го избра Филипче и за да ја избегне одговорноста за сите скандали, афери и криминални дејствија во изминатите 7 години, за да може кланот Заеви слободно да продолжи да функционира.

— реклама —

Тандемот Заев и Филипче ветуваше членство во ЕУ за бесплатни здравствени услуги а креира „Менгеле здравство“ што воедно е најцрниот период во македонското здравство.

— реклама —

„Менгеле здравство‘‘ имаше Македонија во време кога истиот Филипче, неврохирург и потрчко на Заев, беше Министер за здравство.

Крахот на македонското здравство под раководство на СДС и ДУИ доведе до агонија кај пациентите, пациенти без терапии и без лекови, неефикасен систем на закажување на термини, егзодус на лекарите и не постоење на систем на квалитетни здравствени услуги.

Со неоткажувањето од Заев, Филипче не се откажува ниту од Крмзов, кој беше фатен во даночни малверзации. Филипче со тоа што не се откажува од Заев, не се откажува ниту од неговиот криминал со Глобал, за кој беше аболициран.

Филипче не се откажува од Заев затоа што 7 години системски ја уништуваа државата и македонското здравство.

Филипче не се откажува од Заев затоа што Филипче беше прв ортак со Ден Дончев за Диамед, имаше милионски крвави тендери за приватизација за анализа на крв, Македонија ја остави без вакцини за корона, Македонија стана држава со најголема смртност по глава на жител, Филипче короната ја дочека без тестери, Филипче ги остави докторите без заштитна опрема, Филипче градеше модуларни без почитување на стандарди.

Филипче не се откажува од Заев затоа што обвини кабел кога живи луѓе, пациенти изгореа во модуларна болница во Тетово, изби скандалот Онкологија, кога наместо терапија даваа вода на пациенти, медицински персонал беше фатен во кражба на цитостатици и вратен на работа и низа други скандали.

Филипче не се откажува од Заев затоа што заедно го направија крахот во здравството и ја колабираа Македонија и економски и политички.

Филипче не се дистанцира од Заев а со тоа не се дистанцира ниту од политичката траекторија која ја исцрта Заев, граѓаните тоа го знаат и нема да дозволат погубните политики на Заев да се надградат, прошират и мултиплицираат.

Граѓаните нема да дозволат тандемот Заев-Филипче да ги манипулира додека тие се богатат на грбот на македонскиот народ, а бизнисите на кланот Заеви слободно функционираат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynbe67qbfeh1s7otiayx

Филипче го надмина и Заев, како пиун на Радев, стана поголем негатор на Македонија и Македонците од бугарските власти, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
media-library4r2ei7icocg038e47y2

Заев бришеше „македонски“ од институциите, а уценетиот Филипче е спремен да го доврши бришењето на македонскиот идентитет, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-librarynbe67qbfeh1s7otiayx

Ставовите и барањата на Филипче не се разликуваат од бугарските и не му смета ни навредливата придавка ,,северномакедонци", велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryq4ng3b92ng9b7vy3MrA

Ристески: Денес се гледаат последиците од неработењето на СДСМ за студентите 7 години, ВМРО-ДПМНЕ работи на целосна обнова и подобрување на студентскиот стандард

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања