Промени тема
Контакт

Филипче: Нема лидерска средба со Мицкоски, техничката влада мора да остане

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-library6qj7eteognim9X1jADF

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција порача дека нема да има средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и дека техничката влада мора да продолжи да функционира, обвинувајќи ја власта за обид за бегство од одговорност преку предвремени избори.

Филипче оцени дека повиците за разговори за техничка влада се алиби за распишување предвремени парламентарни избори и дека, според него, сценариото е однапред подготвено. Тој тврди дека актуелната власт е во финансиски теснец и дека се обидува да отвори простор за нови задолжувања, поврзани со планови за прифаќање мигранти, за што, како што рече, веќе пишувале и британски медиуми.

— реклама —

„Нема пари во буџетот, а власта брза да создаде услови за нови кредити и договори. СДСМ нема да биде покритие за такво сценарио“, изјави Филипче, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ и, како што ја нарече, „тендер коалицијата ВМРО–ЗНАМ“, можат сами да си ги распишат изборите.

— реклама —

Според него, зад инсистирањето за укинување или промена на техничката влада стои, како што рече, обид за целосна узурпација на институциите. Филипче ја обвини власта дека воспоставила контрола врз правосудството и обвинителството, дека донела измени на Кривичниот законик спротивни на препораките на Европската Унија, како и законски решенија со кои, според него, се ограничува слободата на говор и се врши партизација на полицијата.

Тој најави дека во текот на утрешниот ден ќе организира брифинг на кој, како што рече, детално ќе ги образложи предлог-законите и состојбите во правосудството. Според Филипче, доколку не биле овие чекори на власта, можело да се разговара, но актуелната ситуација ја оцени како „класичен мафијашки модел“.

— реклама —

Филипче упати и сериозни обвинувања за надворешно политичко влијание, посочувајќи дека изјавите и потезите на власта се временски поврзани со случувањата во Србија. Тој повтори дека СДСМ подолго време предупредувал на ваков развој на настаните.

Во обраќањето беше спомната и улогата наСАД, како и Законот за Западен Балкан, за кој Филипче оцени дека ја забрзал динамиката околу борбата против корупцијата и криминалот. Тој рече дека постојат најави за санкции и „црни листи“ за политичари од регионот, кои би можеле да бидат објавени во наредниот период.

На крајот, Филипче порача дека СДСМ нема да учествува во никакви разговори за техничката влада и дека, според него, со луѓе кои се обидуваат да ја избегнат одговорноста нема политички дијалог, туку само институционална одговорност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ: Земјоделците се на работ, трошоците растат 8,8%, цените 2,3%, Арамијата молчи

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Мицкоски најавува дека струјата нема да поскапи, но не ја исклучува можноста за повисоки сметки од јануари

Македонија | пред 1 ден

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

„Арамијата е готов, Мицкоски нема пари во буџетот - моли за алиби за избори“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

Филипче од Брвеница му одговори на Мицкоски: СДСМ не можеш и нема да ја уништиш!

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања