Промени тема
Контакт

Филипче: Нова инвестиција во училиштето Коле Неделковски после 66 години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_6397

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска присуствуваше на настан во ООУ „Коле Неделковски“ во Општина Центар, каде на почетокот на училишна година беа пуштени во употреба нови училници и кабинети. Ова е нова инвестиција во училиштето Коле Неделковски, после 66 години.

-Градоначалникот Горан Герасимовски и Општина Центар издвоија 43 милиони денари за изградба на 4 нови училници, 2 кабинети, една библиотека. Средства кои обезбедуваат инклузивност во образованието, со лифт и тоалет за учениците со потешкотии во движењето како и пристапна рампа за непречен пристап во училиштето, рече Филипче.

— реклама —

СДСМ обезбедува инклузивно образование за секое дете. Образование кое ги почитува и прифаќа различностите и кое овозможува и децата со попреченост да имаат еднакви шанси за достигнување на својот полн потенцијал и придонес во општеството, додаде тој.

-Преку проектот за унапредување на основното образование СДСМ во изминатите години реализираа реконструкции на санитарни јазли и изградба на рампи за ученици со попреченост во повеќе од 40 училишта. СДСМ набави и опреми кабинети по природни науки во повеќе од 260 основни училишта и опрема и нагледни средства за кабинети по природни науки во повеќе од 358 училишта. А, минатата 2023 година, сите основни училишта во државата комплетно беа опремени со нови нагледни средства и помагала во кабинетите по историја, географија и за другите предмети од групата општествени науки. И овие инвестиции не треба да престанат, затоа што без квалитетно образование нема силна држава, рече Филипче.

— реклама —

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на сите првачиња им посака среќна учебна година и успех на сите ученици.

— реклама —

"Верувам дека во секој ученик се кријат индивидуални посебности и силни таленти. Но, без инвестиции во образованието не можеме да зборуваме за квалитетно образованието и успешни и образовни кадри. Затоа во едно од најстарите училишта во Скопје Коле Неделковски, капацитетите се прошируваат по цели 66 години“, рече Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

(Видео) Филипче: СДСМ поднесе закон, Минималната плата да се зголеми на 600 евра – работниците заслужуваат достоинствен живот

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryhnm63s2pg0t261FZjxL

(Видео) Филипче: Мицкоски излажа, прославата за независноста чини 5 милиони евра народни пари

Македонија | пред 3 дена

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

Филипче: Ние сме подготвени за избори кога и да бидат, а сега сè излегува на виделина

Македонија | пред 3 дена

media-librarya8br9fb87cvdffOOPQG

(Видео) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања