Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Филипче: Од кризата научивме дека е важна комуникацијата со јавноста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
242471977_2778736165766732_6580984530910854203_n

Кризата со коронавирусот покажа дека може да се управува само на начин што значи мултиспектрален пристап и мултиспектрално управување, не само во нашата земја, туку и во многу земји во светот, смета министерот за здравство, Венко Филипче.

„Во денешното обраќање на Форумот организиран од Евроатланскиот Центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) на НАТО и Центарот за управување со кризи (ЦУК), ја потенцирав важноста за учеството и организацијата на повеќе експертски системи и институции, светски и домашни, есенцијалната важност при взаемната соработка и размената на податоци како клучен фактор за справување со пандемијата. Научивме многу во однос на тоа и сега знаеме кои различни системи во различни сектори треба да ги подобриме во организациската поставеност и во однос на меѓусебната соработка. Она што го научивме за време на справувањето со кризата е важноста на комуникацијата и соработката со јавноста помеѓу институциите. Придонесот на СЗО во целиот овој процес со размена на информации, искуства и знаења од претходните пандемии и целосна поддршка во овој период и од страна на регионалниот директор Ханс Клуге, кој беше цело време на наше располагање, Светската банка која го обезбедуваше целиот овој период со заеми што помогнаа да се одговори на вирусот за потребите на здравствениот систем. НАТО, особено секторот за управување со кризи, без кој можам да кажам дека не би можеле веднаш да управуваме со кризата во врска со потребата од заштитни материјали, машини, дијагностика, опрема и инструменти кои беа многу потребни за лекување на пациентите во болниците“, напиша тој.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања