Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Филипче: Паднаа во вода ветувањата за одговорноста што ја ветуваше Мицкоски со случаите поврзани со спикерот Гаши

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_5169

Паднаа во вода ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски дека ќе има одговорност за сите функционери што се огрешиле од законот. Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање каков став ќе заземе Социјалдемократскиот сојуз во однос на интерпелацијата за собранискиот спикер, Африм Гаши.

„МВР детектираше и за тоа има писмен документ, несоодветно однесување и неправилно постапување од страна на собранискиот спикер така што падна во вода ветување ВМРО-ДПМНЕ за одговорност на функционерите“, потенцира Филипче.

— реклама —

Според него, главното прашање е зошто ВМРО-ДПМНЕ не почне постапка за смена на собранискиот спикер во контекст на сите нивни најави и изјави за одговорно работење на кој било функционер којшто е поставен на која било позиција.

— реклама —

Филипче истакна дека пратеничката група на СДСМ ќе има координација во однос на ова прашање оваа недела, по што ќе ја информира јавноста за нивната позиција. Собраниската седница на која се точка на дневен ред е интерпелација за работата на Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија - Африм Гаши е закажана за 3 септември.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryc30rbhp93cghdx2og3q

„Какво лицемерие, може цела Влада со бугарски државјани, ама не може малцинства во Уставот“, вели Филипче

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-library4jn6vnlnil3af9na4JU

„Граѓаните добија уште едно признание – во Владата на Мицкоски врие од бугарски пасоши“, вели Филипче

Македонија | пред 12 часа

media-librarypuonom89qceu5AhNovk

„Законот за нулта толеранција за корупција и слободата на медиумите ќе бидат првите задачи на новата влада“, вели Филипче

Македонија | пред 1 ден

media-libraryiafq8mcg92hr4Q1b2cH

Филипче за новиот антикорупциски закон: Гаранција дека корупцијата ќе има име и презиме

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања