Вакцината на АстраЗенека во земјава нема да се препорачува на лица под 60 години. За оние кои се вакцинираа во Србија изминатите недели, за втората доза ќе се чекаат нови препораки или ќе се вакцинираат со други вакцини, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
„По евалуацијата на сите несакани ефекти во форма на тромботични ефекти посебно кај млади луѓе, се излезе со две препораки – првата е дека тие несакани тромботични ефекти треба да влезат во упатството на самата вакцина и второ дека секоја држава треба да заземе став во однос на тоа како ќе се користи вакцината. Согласно тоа, по утринските консултации донесовме став вакцината Астра Зенека во нашата земја да не се дава на помлади лица од 60 години“, изјави министерот Филипче.
Филипче додаде дека процесот на вакцинација во спортскиот центар „Борис Трајковски“ се одвива одлично.
фото: Архива