Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Филипче: Политичката изолација што ја создаде Мицкоски води кон економско пропаѓање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryl85o3cek89n79Kn961t

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека Македонија повеќе не е дел од европската агенда и оцени дека Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски ја води државата кон политичка изолација.

Филипче посочи дека додека Европската Унија отвора нови кластери и затвора поглавја во преговорите со Украина, Молдавија, Црна Гора и Албанија, Македонија останува надвор од тие процеси. Според него, тоа е последица на, како што рече, неспособноста на Владата да изгради стратегија за евроинтеграција.

— реклама —

Тој оцени дека државата ризикува да остане последна во регионот, да ги изгуби европските финансиски можности и да биде изложена на засилено влијание од земји кои не се заинтересирани за нејзиното членство во Европската Унија.

— реклама —

Филипче ја критикуваше и економската политика на Владата, наведувајќи дека земјата се соочува со пад на странските инвестиции и индустриското производство, стагнација на платите и неизвесност за пензискиот систем, додека предложениот ребаланс на Буџетот го оцени како обид за прикривање на, како што рече, лошото финансиско управување.

— реклама —

Според лидерот на СДСМ, политичката изолација директно води кон економско назадување, а граѓаните, како што истакна, сè повеќе ги чувствуваат последиците преку намалениот животен стандард и неизвесноста за иднината.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2672l82he69g0mwZWZG

СДСМ: Мицкоски призна — две години ги труеле граѓаните на Гостивар

Македонија | пред 1 час

media-library2dm69fmklhc560F8vVx

СДСМ: Водата е небезбедна во десетици населени места, бараат јавно објавување на сите анализи

Македонија | пред 6 часа

media-librarypeu1u1rdt5f5cn71SaP

СДСМ: Евростат и НБРМ ги демантираа тврдењата на Мицкоски за економскиот раст

Македонија | пред 6 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Стара политичка војна: СДСМ за Белгија и ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ за водата и Филипче

Македонија | пред 8 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања