Се соочуваме со силен бран на вирусот, ситуација која значително ги тангира сите сегменти во здравствениот ситем, од лабораториските капацитети со сместувачките капацитети, истакна предмалку министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција пред Министерството за здравство.
–Ја очекувавме оваа ситуација, слична е состојбата во сите европски земји. Мора луѓето да покажат свесност. Доколку доследно се почитуваат мерките ќе има резултати. Се мобилизираат лекарите. В среда ќе одржиме состанок со приватните интерснисти кои се 56 на број. Половина од нив се од Скопје, а останатите од други градови. Ќе разговараме за нивно вклучување во системот на дежурства“, рече Филипче.
Филиче истакна дека се менаџира до интерното одделение на Општата болница во Охрид со цел да се обезбеди место за дополнителн број пациенти заразени од КОВИД 19. Како што истакна Филипче ваквиот начин се спроведува со сите болници во државава со цел да се излезе во пресрет на новиот есенски бран на коронавирусот.
-Модуларната болница се полни брзо, правиме план за дополнителни болнички капацитети, се прирпемаат и две одделенија во болницата “8ми Септември” во Скопје. Исполнети се и инфективните одделенија во останатите градови Куманово, Штип, Струмица каде се обезбедува како ковид центар новиот кат, Битола се прават дополнителни капацитети и Прилеп. Тетово досега се исполнети 26 кревети а на рсполагање се 100 кревети.
На владината седница како што истакна Филипче е донесена одлука за набавка на лекот ремдесивир а обезбедени се и дополнителни тестови 150 повеќе на дневно ниво.
За утре е најавена собраниската седница на која треба да се изгласа Законот за заштита на населението од заразни болести. Исто така набавени се и 60 респиратори кои се помош и ќе се распределат соодветно по градови каде што ќе има потреба.
Министерот упати уште еднаш апел за придржување на мерките за заштита и хигиена.