Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Филипче: Се потврди труењето во Трубарево, барам истрага и оставки од надлежните министри

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
media-libraryamgeuglj77o48oQ8S6K

„Владата на ВМРО ДПМНЕ  лажеше дека воздухот во Трубарево не е загаден, задоцни со реакција и не презеде никакви итни мерки за заштита на граѓаните, вклучително и евакуација,“ изјави денеска претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Тој потенцираше дека токму поради овие лаги и пропусти, власта е директно одговорна за труењето на луѓето во Трубарево и околните населени места.

— реклама —

„Со тие лаги е директно одговорна за труењето на луѓето во Трубарево и околината. Официјалните податоци, кои беа објавени дури шест дена по пожарот, покажуваат алармантни бројки: 12 пати над дозволеното ниво на кадмиум во воздухот (59,1 ng/m³ наспроти дозволени 5), покачени вредности на арсен и олово. Ова е воздухот што го дишеле нашите деца,“ предупреди Филипче.

— реклама —

Како што кажа тој, ова претставува врв на нестручност, кукавичлук и непрофесионализам.

— реклама —

„Македонија се нема соочено со понеодговорна и кукавичка власт, која наместо да соочи храбро со секоја криза, таа се обидува да си го спасува рејтингот и да минимизира. Со оваа власт, граѓаните се во постојан ризик затоа што не може да бидат сигурно дека ќе бидат заштитени од било која закана“,рече Филипче.

При тоа, Филипче порача дека одговорност мора да има и бара  оставки од министерот за внатрешни работи, министерот за здравство и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

„Барам итни оставки од министерот за внатрешни работи и министерот за здравство, како и од директорот Стојанче Ангелов. Барам обвинителството да отвори истрага и да одговараат сите кои дозволија со своето непостапување да се загрози животот и здравјето на луѓето.Итна истрага од Јавното обвинителство и кривична одговорност за сите службени лица кои со своето непостапување дозволија да се загрози животот и здравјето на граѓаните“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarynjuh72b6minu5nPsq72

Следуваат нови поскапувања, а Мицкоски ги одбива мерките за повисоки плати, тврди СДСМ

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
media-libraryrtoi1ff273luc32mRhI

(Видео) „Стив Наумов“ прокиснува по реконструкцијата од 10 милиони евра, тврди СДММ

Македонија | пред 1 ден

media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

СДСМ: Скопје без сигурен превоз, Ѓорѓиевски со дрон и билборд, автобуси од Орбан и ѓубре од Куманово

Македонија | пред 4 дена

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжува

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања