Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

ТРУБАРЕВО

Screenshot-2025-09-13-at-17.05.27

Потешко дишење, сува кашлица, стегање во градите се симптомите кај некои жители на Трубарево: Со скринингот беа опфатени над 200 луѓе

По два дена скрининг на жителите во Трубарево каде што се случи најголемата еколошка хаварија во Скопје при што изгоре фабриката за уништување електронски отпад, дел од жотелите се упатени на дополнителни иследувањеа. Кај некои се утврдени симптоми како што се потешко дишење, сува кашлица, стегање во градите.Министерството за здравство во соработка со Клиниката за пулмологија го спроведе дводневниот скрининг на населението во Трубарево, со цел навремено откривање на евентуални симптоми на дишнит

Македонија | пред 8 месеци

trubarevo

Единаесет жители на Трубарево упатени на дополнителни испитувања поради иритации

Единаесет лица од Трубарево се пратени на дополнителни испитувања на Клиниката за пулмологија, откако лекарите констатирале иритации и надразнување во грлото.Вкупно 111 граѓани биле прегледани вчера на двата пункта – на Министерството за здравство и на Клиниката за пулмологија во Трубарево. Од Министерството соопштија дека поголемиот дел од населението е во добра здравствена состојба, но дека дел од нив имале симптоми кои барале понатамошни анализи.Скринингот е организиран по големиот пожар што

Скопје | пред 9 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-17.05.27

Почнува скринигот за жителите на Трубарево по пожарот со токсичен чад и тешки метали

Од утре започнува дводневен скрининг на жителите на Трубарево и околните населени места, најави министерот за здравство Азир Алиу.„Ги замолувам сите граѓани што сметаат дека треба да посетат доктор да се пријават на овој скрининг. Прегледите се наменети за жителите од Трубарево и од околните места, а особено за лицата што чувствуваат потешкотии при дишењето или имаат симптоми што укажуваат на заболувања на дишните патишта“, изјави министерот Алиу.Прегледите ќе ги вршат тимови од Клиниката за пул

Скопје | пред 9 месеци

trubarevo

Министерство за животна средина: Концентрациите на PM10 честички во Трубарево под дозволените граници

Просечните концентрации на PM10 честичките во Трубарево се во рамки на дозволените граници, информира Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).Според податоците од мерењата спроведени вчера и денеска, просечната концентрација изнесува 9,7 µg/m³, додека максимално измерената вредност била 28,2 µg/m³. Во моментот на завршување на мерењата, вредноста изнесувала 20,1 µg/m³.„Просечните концентрации на PM10 честичките не ја надминуваат 24-часовната гранична вредност пропишана за

Скопје | пред 9 месеци

media-libraryamgeuglj77o48oQ8S6K

Филипче: Се потврди труењето во Трубарево, барам истрага и оставки од надлежните министри

„Владата на ВМРО ДПМНЕ  лажеше дека воздухот во Трубарево не е загаден, задоцни со реакција и не презеде никакви итни мерки за заштита на граѓаните, вклучително и евакуација,“ изјави денеска претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.Тој потенцираше дека токму поради овие лаги и пропусти, власта е директно одговорна за труењето на луѓето во Трубарево и околните населени места.„Со тие лаги е директно одговорна за труењето на луѓето во Трубарево и околината. Официјалните податоци, кои беа објавени д

Македонија | пред 9 месеци

trubarevo

Во Скопје се дишеле тешки метали, 12 пати над дозволеното, по пожарот во Трубарево

Концентрацијата на тешки метали во воздухот во Скопје по пожарот во Трубарево драматично ја надминала дозволената граница, покажуваат анализите на Министерството за животна средина, објавени шест дена по избувнувањето на огнената стихија.Мерењата направени на 13 и 14 септември покажуваат дека концентрацијата на кадмиум изнесувала 59,1 нанограм по метар кубен – речиси 12 пати повеќе од дозволените 5. Во воздухот имало и зголемени количини арсен (8,9 од дозволени 6) и олово (0,75 од дозволени 0,5)

Македонија | пред 9 месеци

trubarevo

Пожарот во Трубарево резултат на незаконско складирање батерии и електронска опрема

Министерството за внатрешни работи денеска поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против четири физички лица и едно правно лице со седиште во Трубарево, поради сомнение за кривично дело – загрозување на животната средина и природата со отпад, согласно член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Според МВР, прво- и второпријавените, 56-годишниот М.Д. и 26-годишната Л.Д., како соизвршители, спротивно на Законот за управување со отпад и прописите за заштита на

Скопје | пред 9 месеци

media-librarytmtdt8826n4r5YcNh4H

Истрага против четири лица и фирма за загрозување на животната средина со отпад во Трубарево

Основното јавно обвинителство Скопје, по анализа на сите докази прибрани во предистрагата до овој момент, денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири физички и едно правно лице за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Обвинителството издаде наредби за дејствија и проверки со кои обезбеди докази кои даваат основано сомнение дека првиот осомничен, иако формално не бил запишан како

Скопје | пред 9 месеци

trubarevo-mehanizacija-kamioni-bulduzer-1546

Постои опасност од ново разгорување во Трубарево, направен е увид иако и натаму чади

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи на МВР, денеска извршија увид на локацијата во Трубарево каде што изминативе денови избувна голем пожар во складиште за отпад.Како што соопштија од Обвинителството, увидните дејствија се спроведени и во однос на причините за избивање на пожарот и во однос на складирањето на отпадот. На терен било извршено фотографирање и дронско снимање.„Со оглед на затрупувањето на локацијата од безбедносни причини, увидните дејстви

Скопје | пред 9 месеци

trubarevo

Продолжен притворот за четворицата осомничени во истрагата за Трубарево

Кривичниот суд им го продолжи краткотрајниот притвор за нови 48 часа на четворицата сопственици и управители на фабриката за електронски отпад во скопско Трубарево, по предлог на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје.Четворицата беа приведени и во неделата вечерта спроведени пред судија на претходна постапка, по што судот им одреди првичен 48-часовен притвор.Според Обвинителството, станува збор за 56-годишен управител и сопственик на две правни лица, 22-годишна управителка на трето правно л

Скопје | пред 9 месеци

trubarevo-mehanizacija-kamioni-bulduzer52

Ташки метали присутни само на едно испитно место во Трубарево, ИЈЗ ги соопшти резултатите

Институтот за јавно здравје утврди присуство на тешки метали во почвата на едно место, зголемени вредности на бакар и цинк во површинскиот слој каде што гореле литиумски батерии — додека на сите други локации не се констатирани отстапувања од референтните вредности.Истовремено, не е детектирана радиоактивност во воздух, почва и вода, а во водата не е утврдено присуство на тешки метали, соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).ИЈЗ изврши вонредно испитување во засегнатото подрачје и во неделата

Скопје | пред 9 месеци

trubarevo

Увидот за пожарот во Трубарево ќе почне утре

ОЈО соопшти дека увидот на лице место во однос на причините за пожарот во Трубарево треба да започне утре. Увидните екипи на терен ќе ги координира јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.-По наредба на јавниот обвинител екипи на СВР Скопје и денеска излегоа на лице место со цел преземање дејствија и прибирање определени докази потребни во однос на постапката за загрозување на животна средина со отпад.Во континуитет се преземаат повеќе дејствија на обезбедување и анализа на докум

Скопје | пред 9 месеци

trubarevo-mehanizacija-kamioni-bulduzer-1546

Надлежните институции уверуваат: Во Трубарево се е ставено под контрола

Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржа брифинг со медиумите за состојбата по пожарот во складиштето за електронски отпад во Трубарево.Министерот Изет Меџити заедно со директорот на Управата за животна средина, Игор Никоски, директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, проф. д-р Дејан Мираковски, ги презентираа првичните информации.Надлежните институции информираа дека екипи биле на

Македонија | пред 9 месеци

toksikologija

Тројца жители на Трубарево денеска се амбулантски прегледани: Во текот на ноќта извршени се 13 интервенции од Итната помош

Во текот на изминатата ноќ заклучно со попладнево во реонот на Трубарево извршени се 13 интервенции од Итната медицинска помош, при што едно лице е транспортирано во болница и извршен е транспорт на неподвижно лице до друго населено место.- Министерството за здравство ја следи состојбата и здравствениот систем е мобилизиран за справување со новонастанатите предизвици. Од извршените интервенции на Итната медицинска помош, само едно лице е транспортирано во јавна здравствена установа, на Клиниката

Скопје | пред 9 месеци

Screenshot-2025-09-15-135037

Филипче: Странска акредитирана лабораторија да направи испитувања на квалитетот на воздухот, водата и почвата

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање укажа дека по пожарите во депониите Дрисла и Вардариште, и последниот во Трубарево, потребни се итни анализи на почвата, воздухот и водата, од страна на странска акредитирана лабораторија.Филипче предупреди дека мора да се направи испитување на квалитетот на водата за пиење.„Сите изотопи кои што не се растворливи во вода ќе се детектираат. И тоа сметам дека час поскоро треба да го напра

Македонија | пред 9 месеци

kaja-shukova

Шукова: Жителите на Трубарево се оставени сами да се справуваат со последиците од пожарот

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од редовите на СДСМ, Каја Шукова, на денешната прес-конференција оцени дека жителите на Трубарево се оставени сами да се справуваат со последиците од опасниот пожар што избувна во саботата. Таа посочи дека граѓаните сè уште немаат информација какви токсини вдишувале и дали е безбедно да се движат надвор.Шукова додаде дека одлуката децата од Трубарево да следат онлајн-настава создава уште поголема збунетост, бидејќи не нуди одговор колку е загаден воздухо

Скопје | пред 9 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-15.46.16

Влен: Нуредини ја издал дозволата за складиштето со електронски отпад во Трубарево

Влен тврди дека поранешниот министер за животна средина Насер Нуредини е тој што ја потпишал дозволата за работа на ризичното складиште за електронски отпад во Трубарево, кое се наоѓа во густо населено подрачје веднаш до Скопје. Од партијата додаваат дека министерот бил личен избор на Али Ахмети и близок пријател на Бујар Османи.„ДУИ 20 години ја контролираше екологијата во земјава. Во тој период создадоа депонии во центарот на Тетово, Кичево, веднаш до Струга и десетици низ Скопје. Наместо реше

Македонија | пред 9 месеци

DJI_20250913161621_0169_D

Се проверува одговорноста на тие кои издале дозвола да има склад за отпад во Трубарево, среде населено место

Основното јавно обвинителство потврди дека се истражува потенцијалната одговорност и на други лица во врска со големиот пожар во складиштето за отпад во Трубарево. Дозволата ја издава Министерството за животна средина, па оттука, документацијата за работата на компанијата се наоѓа во нивните простории.„Се испитува потенцијална одговорност и на други лица. Во врска со документацијата и дозволите, издадени се повеќе наредби по кои МВР сè уште постапува“, велат од Обвинителството, одговарајќи на пр

Скопје | пред 9 месеци

Screenshot-2025-09-14-at-16.52.13

Краткотраен притвор за пожарот во Трубарево

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО – Скопје за определување краткотраен притвор за 4 лица, кои доцна синоќа беа спроведени во судот а поврзани со пожарот кој на 13.09.2025 година се случи во Трубарево – Скопје, донесе решенија со кои го прифати предлогот и на:В.М., З.С., М.Д. и Л.Д. им определи мерка притвор во траење од 48 часа.Четворицата се осомничени за кривичното дело до чл. 230 ст.3 вв со ст. 1 од КЗ, односно Загрозување на животн

Скопје | пред 9 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-13.56.09-1

Токсични гасови, канцерогени соединенија и тешки метали – воздухот над Скопје по горењето на електронскиот отпад во Трубарево

Скопје од саботата се соочува со една од најголемите еколошки хаварии во последните децении – пожарот во складиште за електронски и пластичен отпад во Трубарево. Иако Институтот за јавно здравје потврди дека не е регистрирано зголемено радиоактивно зрачење, светски експерти врз основа на нивните научни трудови говорат дека при вакви хаварии вистинската закана доаѓа од хемиската контаминација.Скопје1 се осврнува на дел експертските докази за влијанието на пожарите врз здравјето на луѓето и животн

Скопје | пред 9 месеци

trubarevo-mehanizacija-kamioni-bulduzer-1546

ИЈЗ: Нема зголемена радијација во воздухот, сите мерења се во рамки на нормалниот фон

Институтот за јавно здравје на Република Македонија соопшти дека во периодот од 7 до 14 септември 2025 година автоматскиот систем за мерење на радијација во воздухот работел непрекинато и ги следел податоците од сите 14 мерни станици во земјата.Според резултатите, во Скопје (станица MKMP-1) просечната вредност изнесувала 51 нано сиверт на час, со најниски и највисоки регистрирани вредности од 51 до 69 нано сиверти на час.Денес, на 14 септември во 11:30 часот, регистрирани биле 50 нано сиверти на

Скопје | пред 9 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-22.19.00

Побаран краткотраен притвор за 4 лица во врска со пожарот во Трубарево

„Поради основано сомнение дека со заеднички дејствија учествувале во извршување на кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 4 лица за кои од судија на претходна постапка вечерва ќе побара определување мерка краткотраен 48-часовен притвор за обезбедување докази.Нивните конкретни дејствија се испитуваат, но станува збор за 56-годишен управител и сопс

Македонија | пред 9 месеци

pozar-trubarevo

Слабее чадењето во Трубарево, и натаму се затрупува просторот со специјална пена и песок

Од опожарениот простор во Трубарево останува слабо чадење на само неколку точки, кои веќе се затрупани, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.„Се фрла специјална пена врз песочната покривка за целосно сопирање на чадењето“, изјави Ангелов, додавајќи дека со ваквата интервенција се очекува проблемот во целост да се надмине.

Скопје | пред 9 месеци

Screenshot-2025-09-14-at-16.52.13-1

Директорот на ЦУК заврши на токсикологија поради изложеност на чад во Трубарево

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, повеќе од 12 часа престојувал на терен во Трубарево, каде се спроведуваа интервенциите за гаснење на големиот пожар во фабриката за пластика. Поради долготрајната изложеност на токсичен чад и интензивната работа во координацијата на тимовите и институциите, тој синоќа побарал медицинска помош во Државната токсиколошка болница.По извршените лекарски контроли е утврдено дека неговата здравствена состојба е стабилна и не претставува ризик.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2024-04-18-at-15.40.23

Четири лица побарале здравствена помош поради пожарот во Трубарево, сите надвор од животна опасност

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со директорката на Институтот за јавно здравје, д-р Марија Андоновска на заедничката прес конференција при посетатата на Клиниката за токсикологија потенцираа дека од прв момент се следи состојбата со пожарот во скопското село Трубарево и се во постојана координација со сите надлежни институции.- Како што знаете од вчера, Министерството за здравство креираше кризен штаб за состојбата во Трубарево и ја следевме и следиме во реално време целата ситуација

Скопје | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања