ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Потешко дишење, сува кашлица, стегање во градите се симптомите кај некои жители на Трубарево: Со скринингот беа опфатени над 200 луѓе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-09-13-at-17.05.27

По два дена скрининг на жителите во Трубарево каде што се случи најголемата еколошка хаварија во Скопје при што изгоре фабриката за уништување електронски отпад, дел од жотелите се упатени на дополнителни иследувањеа. Кај некои се утврдени симптоми како што се потешко дишење, сува кашлица, стегање во градите.

— реклама —

Министерството за здравство во соработка со Клиниката за пулмологија го спроведе дводневниот скрининг на населението во Трубарево, со цел навремено откривање на евентуални симптоми на дишните патишта.

Само во текот на вчерашниот ден се прегледани над 100 лица на двата пункта во Трубарево, од кои осум лица се упатени на Клиниката за пулмологија, поради хронични заболувања за кои подолго време не направиле контролни прегледи. Скринингот опфати клинички преглед, мерење на пулс, сатурација и проценка на витален капацитет. Овој скрининг имаше голем одѕив со над двесте прегледани пациенти во два дена и беше навистина добро прифатен од локалното население, и во следниот период продолжуваме да ја следиме состојбата во соработка со Клиниката за пулмологија и сите надлежни институции, истакна министерот Алиу.

— реклама —

Истовремено, во рамки на скринингот се детектирани и пациенти со висок крвен притисок кои биле советувани да се обратат кај својот матичен лекар за натамошни испитувања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

trubarevo

Единаесет жители на Трубарево упатени на дополнителни испитувања поради иритации

Скопје | пред 3 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-17.05.27

Почнува скринигот за жителите на Трубарево по пожарот со токсичен чад и тешки метали

Скопје | пред 3 месеци

trubarevo

Министерство за животна средина: Концентрациите на PM10 честички во Трубарево под дозволените граници

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryamgeuglj77o48oQ8S6K

Филипче: Се потврди труењето во Трубарево, барам истрага и оставки од надлежните министри

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања