Промени тема
Контакт

Почнува скринигот за жителите на Трубарево по пожарот со токсичен чад и тешки метали

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Скопје
Screenshot-2025-09-13-at-17.05.27

Од утре започнува дводневен скрининг на жителите на Трубарево и околните населени места, најави министерот за здравство Азир Алиу.

„Ги замолувам сите граѓани што сметаат дека треба да посетат доктор да се пријават на овој скрининг. Прегледите се наменети за жителите од Трубарево и од околните места, а особено за лицата што чувствуваат потешкотии при дишењето или имаат симптоми што укажуваат на заболувања на дишните патишта“, изјави министерот Алиу.

— реклама —

Прегледите ќе ги вршат тимови од Клиниката за пулмологија и алергологија, со комплетен клинички преглед, спирометрија, ЕКГ и други потребни испитувања. „Доколку се појави потреба од дополнителни испитувања, тие или ќе бидат извршени на лице место или пациентите ќе бидат упатени на Клиничкиот центар во Скопје“, додаде тој.

Директорот на Клиниката за пулмологија и алергологија, Оливер Зафировски, потенцираше дека скринингот ќе го спроведат две екипи со две амбулантни возила. „Започнавме една убава акција ‘Здравјето на граѓаните пред сè’. Два тима ќе ги посетат сите граѓани во Трубарево и ќе направат почетни испитувања. Во зависност од тоа, ако може да се постави дијагноза или да се покаже дека немаат никакви оштетувања на нивните бели дробови, останува да им се ревидира терапијата. Но, ако има потреба, ги упатуваме на Клиниката за пулмологија за да можеме да ги продлабочиме испитувањата“, изјави Зафировски.

— реклама —

Иако според последниот извештај на Министерството за животна средина концентрациите на ПМ10 честички се во рамки на дозволеното, по пожарот во фабриката „Ф-групација“ на 13 септември беа регистрирани сериозни надминувања. Тогаш во Трубарево ПМ10 честичките достигнале 92,65 микрограми на кубен метар, речиси двојно над дозволената граница. Покрај тоа, измерени се покачени концентрации на олово, арсен и особено кадмиум – дури десет пати над максимално дозволените вредности.

— реклама —

Црниот чад од пожарот тогаш со часови се гледаше од целиот град, а жителите на Трубарево сè уште стравуваат за последиците врз здравјето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library09hs31t0tbvd6Lj9Hbu

Ангелов: Дел од чадот во Скопје доаѓа од пожарите кај Бојане и на Китка

Македонија | пред 8 часа

media-librarymbv4bsofplgr8TBXYVf

До 18:30 часот регистрирани 21 пожар на отворен простор, 7 се активни

Македонија | пред 9 часа

media-libraryoq8cntp55ggm8MG84wS

(Видео) Пожарот кај Бојане ставен под контрола, тетовските пожарникари спречија ширење кон лозјата

Македонија | пред 9 часа

media-library5ff8j5a90a7n2jxivyn

(Видео) Уште еден пожар проголта куќа, овој пат во Пробиштип

Македонија | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања