Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Влен: Нуредини ја издал дозволата за складиштето со електронски отпад во Трубарево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-09-13-at-15.46.16

Влен тврди дека поранешниот министер за животна средина Насер Нуредини е тој што ја потпишал дозволата за работа на ризичното складиште за електронски отпад во Трубарево, кое се наоѓа во густо населено подрачје веднаш до Скопје. Од партијата додаваат дека министерот бил личен избор на Али Ахмети и близок пријател на Бујар Османи.

— реклама —

„ДУИ 20 години ја контролираше екологијата во земјава. Во тој период создадоа депонии во центарот на Тетово, Кичево, веднаш до Струга и десетици низ Скопје. Наместо решенија, ни оставија загадена и токсична животна средина“, велат од Влен.

— реклама —

Тие обвинуваат дека и јавното претпријатие задолжено за отпадот во Скопје е под капата на ДУИ, со директор избран од нивните редови. „Фактот што денес Скопје се гуши во чад и отрови е директна последица на нивното партиско владеење и нефункционалноста на институциите под нивна контрола“, стои во реакцијата.

— реклама —

Во партијата нагласуваат дека додека граѓаните живеат во загаден воздух и труена почва, функционерите на ДУИ вложувале во трговски центри, фотоволтаици и нафтени бизниси. „ДУИ нема кредибилитет да зборува за екологија – тие се симбол за партизација, корупција и урбан хаос“, додаваат од Влен.

Тие потсетуваат дека на 19 октомври граѓаните ќе имаат можност да ја прекинат оваа политика и да изберат власт која ќе ја врати чистата животна средина, ќе ги затвори дивите депонии и ќе внесе ред во управувањето со отпадот.

„ДУИ треба да си вгради детектор за лаги, бидејќи количината на невистини што ја пласира веќе е медицински проблем. Како е можно да го обвинуваат Изет Меџити за дозвола издадена во време кога министер беше Насер Нуредини? Како е можно партијата што 20 години управуваше со загадената животна средина, да го обвинува Меџити, кој бил министер само една и пол година?“, прашуваат од Влен преку писмено соопштение.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања