Сметам дека доколку летото ситуацијата продолжи да биде ваква, не треба да се воведуваат никакви рестриктивни мерки, вели министерот за здравство, Венко Филипче во гостувањето во " target="_blank" rel="noreferrer noopener">„Утрински брифинг“.
Филипче утрово нагласи дека под тоа дека не требаат рестрикции, мисли на тоа дека нема потреба за рестрикции на граници и за ограничување на прославите.
„Тука зборувам и за влез излез на границите и во рамките на тоа што е препорачано во делот на организација на настани, собири итн. Но, будно ја следиме ситуацијата, зошто има земји каде индискиот сој, како поагресивен во однос на претходните побрзо се шири и еве тие земји воведоа некоја рестрикција. Сметам дека засега нема потреба, но ако треба ќе интервенираме“, истакна министерот.
„Веќе повеќе денови по ред нема притисок во амбулантите, има некои одделенија, на пример Инфективната клиника, не се ни јавуваат пациенти кои имаат симптоматологија слична на ковид па треба да се потврди или исклучи. Што значи дека нема наплив на пациенти ниту во амбулантите. Ја следиме ситуацијата и во околните земји, целокупниот овој период епидемиолошките криви, без разлика на тоа која земја какви рестриктивни мерки имаше, беа прилично слични. И во таа смисла насекаде е мирно во регионот, и во Србија, и во Албанија. Ги гледаме и оние земји каде наши граѓани заминуваат на летни одмори. Има некое лесно зголемување на бројката на позитивни во Грција, но сметам дека тоа не е алармантно“, објасни Филипче.