Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Филипче: Со изградба на Клинички центар Ѓорче Петров ќе добие можност за дополнителен развој

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
244407967_2635096066637214_4985597124160080646_n

Потпретседателот на СДСМ Венко Филипче на денешната промоција на кандидатот за градоначалник за општина Ѓорче Петров Александар Наумоски и советничката листа на СДСМ и Коалицијата истакна владата предводена од СДСМ изминатите години ги раздолжи презадолжените општини и инвестираше 500 милиони евра во проекти, кои го олеснуваат секојдневниот живот на граѓаните.

— реклама —

Но оваа општина, општината Ѓорче Петров е посебна, таа ќе добие можност за дополнителен развој и значаен придонес за подобар и поквалитетен живот, со изградбата на новиот Клинички центар, порача Филипче.

Ќе се гордееме со новиот најсовремен Клинички центар во регионот на Западне Балкан, благодарение на визионерството на градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Наумоски, истакна Филипче, додавајќи дека овој проект ќе биде реализиран колку и да се обидува ВМРО ДПМНЕ да го кочи.

— реклама —

Тој порача дека нема иднина со луѓето што прават блокади, нема иднина со ВМРО-ДПМНЕ, нема иднина со луѓето што лекарите ги нарекуваат убијци, нема иднина со антиваксери и ксенофоби.

Знам дека вие граѓаните на 17 октомври ќе го заокружите бројот 12 за вашата иднина, за иднината на вашите, нашите следни поколенија тука во државата, не во странство, за развиени просперитетни општини, населби и градови, за европска Северна Македонија, за Наумоски, за развиена општина Ѓорче Петров, повика потпретседателот на СДСМ Венко Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања