– Министерот за здравство, Венко Филипче утрово се сретнал со студентите од шеста година по општа медицина, кои ќе помагаат во битката со Ковид-19.
-Спремни да помагаат! Утрово се сретнав со студентите од шестта година по општа медицина кои ќе помагаат во битката со Ковид-19. Многу ми е мило што идните здравствени работници се толку свесни и ја препознаваат својата важна општествена улога во моменти на криза. Нивниот придонес е многу значаен, им посакувам успешна работа.
Тој посочи дека нивниот придонес е многу значаен, и им посака успешна работа.
https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1822571701383188/2521488768158141/